5.8 C
Скопје
00:51 - 1 април, 2026

Николина Пишек повторно во кавга со свекорот: „Слободно нека го објави списокот на моите мажи“

Николина Пишек одговори на заканите на нејзиниот свекор Миша Гроф дека ќе ја објави листата на нејзините љубовници.

Помина повеќе од една година од смртта на историчарот на уметност, сопругот на популарната хрватска водителка Николина Пишек, Видоје Ристовиќ, а кавгата меѓу вдовицата и неговиот татко не стивнува.

Вчера медиумите во регионот ја објавија веста за исповедта на Николина, која во поткаст кај нејзина колешка тврдеше дека Видоје починал од „преоптовареност на срцето“ поради флерт со извесна жена. Наводно, самата жена признала дека била во романса со Видоје.

Од друга страна, таткото на Видоје, Миша Гроф, денес с огласи во медиумите истакнувајќи дека Николина зборува невистини и дека станува збор за масерка, кај која нејзиниот син одел поради здравствени проблеми. Но, Миша не останува само на негирање на исповедта на Николина, туку упатува и бројни обвинувања на сметка на неговата снаа.

Според него, тој има список на мажи со кои Николина го изневерувала Видоје.

Водителката не сакаше да му остане должна, па во свој стил одговори:

„Слободно може да го објави списокот. Тој е самиот на себе најголем непријател. Немам што повеќе да зборувам, доволно реков“, порача Николина преку српските медиуми.

Потсетуваме дека Миша Гроф неодамна коментираше и за поделбата на имотот, што е една од најголемите причини за кавга меѓу свекорот и снаата.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....