6.8 C
Скопје
06:25 - 31 март, 2026

Ник Картер од „Бекстрит бојс“ обвинет за силување, се огласи жртвата која не е единствена: „Ништо немало поголемо влијание врз мене од она што и го направи Ник“

Ник Картер, член на популарниот бенд „Бекстрит бојс“, е обвинет за силување малолетно девојче во 2001 година, беше соопштено на вчерашната прес-конференција на наводната жртва и нејзините адвокати.

Шенон Шеј Рут, која денес има 19 години, тврди дека пејачот сексуално ја нападнал кога имала само 17 години.

„Последните 21 година беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување како резултат на силувањето од Ник Картер“, рече Шенон, додавајќи:

И покрај тоа што сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо немало поголемо влијание врз мене и дека ништо нема потрајно влијание врз мојот живот од она што го направи и ми рече Ник Картер.

Шенон понатаму тврди дека Ник ја навредувал и повредил.

– Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме нарече ‘ретардирана кучка’, ме зграпчи за рака и ми остави модринки на раката. Се обиде да ме исплаши и да ме замолчи.. Беше груб и се закануваше. Само затоа што Ник Картер е славна личност не значи дека може да биде аболициран од неговите злосторства, рече Шенон.

Нејзиниот адвокат рече дека има уште три анонимни жени кои исто така поднеле тужба против Ник.

– Тој има долга историја на злоставување жени – изјавил адвокатот и додал дека Рут бара правда и сака да ги заштити другите жени.

Пејачот допрва треба да ги коментира наводите, кои доаѓаат само неколку недели откако неговиот брат Арон Картер беше пронајден мртов.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....