19:00 - 2 април, 2026

Ненадејно почина најстариот брат на Мајкл Џексон и еден од основачите на групата Џексон 5

Музичкиот свет е во жалост бидејќи се збогува со Тито Џексон, легендарниот член на групата Џексон 5. Тој беше трето од десетте деца во светски познатото музичко семејство.

Тито Џексон почина на 70-годишна возраст.

Според долгогодишниот семеен пријател и менаџер Стив Менинг, Тито бил на пат од Ново Мексико за Оклахома кога починал во неделата, пренесува tportal.

Иако официјалната причина за смртта сè уште не е објавена, Менинг изјави за Entertainment Tonight дека верува дека Тито доживеал срцев удар.

Како постар брат на Мајкл и Џенет Џексон, Тито одигра клучна улога во подемот на семејството до славата. Во раните години тој и неговите браќа – Џеки, Џермејн, Марлон и Мајкл, се собраа за да го формираат Џексон 5, група која ќе продолжи да ја редефинира музичката сцена од доцните 60-ти и 70-ти.

Во текот на неговата кариера три пати беше номиниран за Греми награди и беше примен во Рокенрол Куќата на славните како член на Џексон 5. Соло кариерата ја започна во 2003 година, настапувајќи како блуз музичар.

 

Слични објави

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо
Се вчитува....