16:26 - 13 ноември, 2026

„Некој го користи мојот лик и име“: Ана Бекута жртва на интернет измама, пејачката итно се огласи

Ана Бекута се огласи преку својот инстаграм-профил откако лажно рекламно видео направено со помош на вештачка интелигенција, во кое наводно се појавува таа, се прошири низ интернет.

Бекута, која откри дека се повлекува од социјалните мрежи, јавно ги предупреди своите следбеници дека станува збор за измама и апелираше до граѓаните да бидат внимателни, бидејќи таа нема никаква врска со производите што се рекламираат.

„На интернет циркулира видео направено со помош на вештачка интелигенција во кое, наводно, сум со болки во коленото. Некој нелегално го користи мојот лик и име. Бидете внимателни – не рекламирам никакви соли, кремови, гелови и (супер)доктори за кои никогаш не сум слушнала“, напиша пејачката на својот инстаграм-профил.

На овој начин, пејачката се обиде да го спречи понатамошното ширење на дезинформации и да ги заштити своите обожаватели од потенцијална измама, како и изнудата на пари на која апелираа други јавни личности од српската сцена.

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....