25.8 C
Скопје
16:46 - 15 септември, 2026

„Недостасуваш“: Ана Костадиновска со емотивна објава за татко ѝ Кире Костов

Емотивен спомен за својот татко, легендарниот композитор и Кире Костов сподели Ана Костадиновска, професорка по пеење и придружен вокал.

На денот кога нејзиниот татко ќе го славеше својот роденден, Ана објави слика од детството. На фотографијата се татко и ќерка во прегратка, а Ана напиша: „Денес ти е роденден! Недостасуваш“, со симбол на преврзано срце. Објавата ја проследи со песната „Тајно моја“ на Тоше Проески, чиј автор на музиката е токму Костов, со текст на Огнен Неделковски.

Фото: Скриншот

Кире Костов е роден на 14 септември 1949 година во Битола, а почина на 27 јули 2023 година на 73-годишна возраст. Тој беше еден од најзначајните македонски композитори, аранжери и диригенти, со богат опус од околу 700 композиции. Музичкото образование го започнал во родната Битола, а студирал на музичките академии во Белград и Скопје.

Во интервју за „Слободен печат“, Ана со многу емоции зборуваше за својот татко и за спомените што ги носи од него.

„Татко ми беше неверојатно топол човек. Ширеше посебна енергија и спокој, уживање ми беше секој миг поминат покрај него. Приказни имам многу, беше човек што секое слободно време го минуваше со нас. Нема да ги заборавам нашите одмори, долги прошетки и анализи што траеја до бесконечност. Секојдневно му благодарам на Бог што растев покрај таков човек“, изјави Костадиновска за „Слободен печат“.

Посебно место во нејзините сеќавања има и големата љубов меѓу Кире и нејзината мајка Кармен Костова, пензионирана професорка по пијано. Двајцата се запознале уште како средношколци во Битола, кога Кармен имала 18, а Кире 19 години.

„Родителите ми и до ден-денес се синоним за искрена, длабока и чиста љубов. Таква каква што среќаваме само во приказните. Уживав да ги гледам еден покрај друг, стопени еден со друг, како да беа една душа во две тела“, раскажа Ана во интервјуто.

Во чест на Кире Костов беше објавена и монографијата „Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“, чиј издавач е Кармен Костова, а во ноември беше одржан и концертот „Летај галебе“, на кој неговите песни повторно оживеаја во изведба на познати македонски пејачи и голем оркестар.

Слични објави

„Не сум во нејзина сопственост“: Славниот фризер ги откри сите детали за односот со Цеца и хоророт од 5.000 евра

Е.А.

„Ги оставив лошите навики, ме смири“: Вук Костиќ лудо ја сакаше Јелисавета Орашанин, сите чекаа свадба, а следуваше неверство и раскин

Е.А.

(Фото) Светлана Црнокрак „светна“ во златна креација – изгледа неверојатно младолико на 50 години!

Еспресо

Беби Дол за тешкото детство: „Татко ми ми забрануваше да го нарекувам тато во јавност“

Еспресо

(Фото) За Антониа Гиговска не завршува летото – без шминка и во бикини ужива на плажа со синот Киан

Еспресо

Џејла Рамовиќ „уловена“ на концертот на Јаков Јозиновиќ – го следеше настапот во неговиот роден град

Еспресо
Се вчитува....