17.8 C
Скопје
19:26 - 5 октомври, 2026

„Не сум во нејзина сопственост“: Славниот фризер ги откри сите детали за односот со Цеца и хоророт од 5.000 евра

Фризерот Стеван Радивојевиќ, кој со години важи за еден од најбараните стилисти на српската естрада и близок пријател на семејството Ражнатовиќ, отворено прозборе за тоа како се носи со титулата „фризерот на Цеца“, но и за сериозните скандали и драми со кои се соочувал во кариерата.

Одговарајќи на прашања на социјалните мрежи, Стеван откри дека иако него не му пречи овој прекар, фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ постојано инсистира тој да се ослободи од тоа етикетирање:

„Мене лично не ми смета, но знам дека неа ѝ смета. Таа постојано повторува дека јас си имам свое име и презиме, па дури и уметничко име. Јас не сум во сопственост на Цеца, туку сум нејзин соработник, и тоа мислам нејзиниот омилен. Ајде да видиме што ќе каже таа на ова“.

Покрај естрадните приказни, фризерот го шокираше регионот со детали за физичкиот напад и обидот за изнуда што ги преживеал во својот салон, кога петмина мажи му побарале 5.000 евра за наводна неплатена реклама на Инстаграм, за за зад целата драма да стои позната женска личност од јавниот живот:

„Имаше грозен упад во мојот салон. Петмина мажи влегоа, ме соборија на под и ми се закануваа, барајќи ми 5.000 евра за компензација. Веднаш повикав полиција, но подоцна сфатив дека тие беа само искористени. За сè беше виновна таа личност што им се пожалила. Порано ѝ посакував сè најлошо, но денес ѝ посакувам спасение, бидејќи има деца и се надевам дека ќе го најде вистинскиот пат за никој друг да не страда поради нејзините гревови“.

Стеван заклучи дека одлучил законски да не ги гони момците кои упаднале во салонот откако сфатил дека биле манипулирани, но порача дека нема да молчи доколку провокациите од познатата личност продолжат во иднина.

Слични објави

По смртта на Оливер Драгојевиќ, семејниот бизнис пропадна: Станот во Сплит е поделен, ова е вистината за наследството

Еспресо

„Харис Џиновиќ имаше афера со келнерка“: Водител изнесе скандалозни тврдења за бракот на пејачот и Мелина

Еспресо

Крајот на годината носи пресврт — овие три хороскопски знаци ги очекуваат најголеми промени до крајот на 2026 година

К.С

Тие се најплатените музички автори во Хрватска: Објавена официјалната листа, еден автор се најде во три категории

Еспресо

Денеска се навршуваат 86 години од раѓањето на големата југословенската ѕвезда, актерката Милена Дравиќ

E.A.

Илјадници евра месечно: Колку ќе плаќаат Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ за животот на ќерката во Милано

Еспресо
Се вчитува....