11:40 - 16 ноември, 2026

„Ги оставив лошите навики, ме смири“: Вук Костиќ лудо ја сакаше Јелисавета Орашанин, сите чекаа свадба, а следуваше неверство и раскин

Љубовниот живот на актерката Јелисавета Орашанин повторно е во фокусот на јавноста по крахот на нејзината врска со 11 години помладиот колега Павле Менсур, која ја започна кратко по разводот од кошаркарот Милош Теодосиќ. Ова не е првпат нејзините романси со познати личности да привлекуваат огромно внимание, а многумина сè уште се сеќаваат на нејзината петгодишна љубов со актерот Вук Костиќ, кој беше подготвен за брак со неа.

Костиќ во нивните заеднички интервјуа отворено признаваше дека младата актерка целосно го променила и го извлекла од негативниот животен период, а нивните изјави тогаш јасно ја покажаа силата на нивната заедница:

„Откако сум со Јелисавета, се променив на подобро. Таа влезе во мојот живот во момент кога ми беше попотребна мене отколку јас неа. Ме смири, ме излекува и благодарение на неа се оставив од некои лоши навики. Веднаш ме освои, уште кога за првпат ми се претстави“.

Сепак, наместо да застанат пред олтарот, двојката ненадејно раскина, а во медиумите брзо се раширија гласини дека причина за крахот била нејзината тогаш нова романса со Милош Теодосиќ. По нејзината брза свадба со спортистот, Вук Костиќ достоинствено и кратко порача дека на Јелисавета ѝ посакува сè најдобро како на свој голем пријател.

Неодамнешниот крах на нејзината врска со Павле Менсур, кој по шпекулациите за љубомора и раскинот веќе е уловен во ноќен клуб со нова девојка, уште еднаш покажа дека емотивниот живот на актерката останува еден од најтурбулентните на сцената.

Слични објави

Ручек што можете да го подготвите однапред — рецепт за кремасти макарони со чедар и пармезан

К.С.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.
Се вчитува....