11:58 - 13 ноември, 2026

Неда Украден сака да учествува на Евровизија: „Сакам добра песна, а не да ја испеам еднаш и никогаш повеќе“

Пејачката Неда Украден, која во август ќе наполни 76 години, докажува дека воопшто не ѝ недостасува енергија и дека без проблеми е во чекор со новите трендови, а призна дека би сакала да ја претставува Србија на Евровизија и дека повторно би се пријавила.

Како што на повеќето им е добро познато дека е голем љубител на музичките натпревари, воопшто не е изненадувачки што сака повторно да се обиде да ја претставува Србија на натпреварот за најдобра песна на Европа.

Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека е подготвена да затропа на вратата на Евровизија само ако е исполнет еден конкретен услов.

Неда објасни дека најважно за неа е квалитетот на самата песна, додека потенцијалниот пласман и успех на самото натпреварување воопшто не се нејзин приоритет.

„Ако е добра песна, само реков да е добра песна, не ми е важен пласманот, сè додека можеш да работиш со таа песна, да натераш некого да работи, а не да ја испееш еднаш и никогаш повеќе во животот“, рекла пејачката, откривајќи точно што очекува од композицијата со која на крајот би аплицирала.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....