6.8 C
Скопје
02:22 - 31 март, 2026

„Не трпи глупави луѓе“: Поранешен вработен на кралот Чарлс Трети го открива неговиот карактер

Британскиот крал Чарлс Трети понекогаш може да го покаже својот „страшен“ карактер, но тој „апсолутно не е чудовиште“. Поранешен вработен во кралското семејство изјави за британски Експрес.

Некои луѓе вклучени во работата на кралското семејство, вклучително и кралската дописничка Џени Бонд, признаа дека кралот понекогаш може да биде избувлив. Еден инцидент што особено го покажа неговиот карактер беше кога тој се налути поради мала „поплава“ во замокот Хилсборо во Северна Ирска, неколку дена по смртта на кралицата Елизабета.

„Чарлс може да има ужасен карактер… Сè што тој гледа како неспособност кај луѓето навистина го истакнува. Тој не трпи будали, глупави луѓе. Да бидеме фер, секој што работел со него ќе ви каже, тој секогаш е многу добро подготвен, добро упатен во прашањата кои се однесуваат на луѓето со кои се среќава, кралот се однесува со високообразованите луѓе совесно и со почит“, изјави упатен извор.

Неговото височество очекува и оние околу него да му покажат иста почит. Кралот Чарлс може да се налути на своите вработени кога верува дека некој не си ја врши работата како што треба или едноставно „е идиот“.

Инсајдерот додаде: „На крајот на краиштата, луѓето сакаат да работат за него, но сите се под голем притисок бидејќи неговата канцеларија е секогаш зафатена од посети на луѓе. Тој воопшто не е чудовиште во канцеларијата, но тој е само човек и понекогаш знае да „пукне“… “.

Пријател на кралот и кралицата Камила, кој сакаше да остане анонимен, исто така изјави за британскиЕкспрес: „Тој, се разбира, е личност која е под постојан стрес, но откако почна да живее со Камила, тој стана многу подобар , без разлика на неговата позиција или статус“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....