10:52 - 13 ноември, 2026

„Не ја изневерував“: Фудбалерот Рубен Дијаш се огласи за раскинувањето со британската водителка

По неколку дена шпекулации, официјално пристигна потврда дека британската водителка Маја Џама и фудбалерот на Манчестер сити, Рубен Дијаш, раскинале, а тоа го потврди самиот фудбалер.

Додека една од најубавите водителки во светот наскоро се враќа на малите екрани во новата сезона на „Love Island“, во јавноста кружеа гласини за нивното раскинување, како и за можна неверност на фудбалерот, што тој сега жестоко го демантираше на своите социјални мрежи. На своето инстаграм-стори Дијаш инсистираше дека никогаш не ја изневерил во текот на нивната 18-месечна врска.

Instagram

„Кога мојот 85-годишен дедо ме прашува дали сум ја изневерил мојата девојка затоа што тоа повеќепати го видел на вести, тука повлекувам линија меѓу она што е прифатливо и она што не е“, започна тој во својата изјава, па продолжи: „Маја и јас отсекогаш имавме однос изграден на меѓусебно почитување. Во тој поглед никогаш не беше премината ниту една граница.“

Гласините се засилија откако и двајцата во средината на мај ги отстранија заедничките фотографии од своите профили на социјалните мрежи, а изостанаа и честитките на Маја за освојувањето на ФА Купот од страна на Манчестер сити. Во својата изјава, Дијаш (29) рече дека, иако обично молчи за гласините за приватниот живот, смета дека е погрешно да се лажат луѓето и „да се прикажува спротивна слика за луѓето само за кликбејт“.

Иако извори претходно наведуваа дека раскинале поради густ работен распоред, Дијаш не сакаше да открие зошто повеќе не се заедно: „Причините за нашето раскинување се приватни и ни припаѓаат само нам, и двајцата се справивме со тоа на многу зрел начин. Почитувајте ме, почитувајте ја Маја и разберете дека не мора секогаш едниот да го изневери другиот за една врска да заврши“, заклучи тој.

Џама (31) засега не се огласи во врска со ова. Овие денови привлече големо внимание кога позираше за луксузниот бренд за костими за капење – Agent Provocateur, а фотографиите станаа вирални. На нив Џама ја претстави претстојната колекција на брендот која ја истакна нејзината завидна фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Jama (@mayajama)

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....