09:43 - 13 ноември, 2026

Наставникот го тепал со лењир, не знаел дека има дислексија – Шварценегер откри непознати детали од неговиот живот

Арнолд Шварценегер заврши со снимањето на неговата аудио книга Be Useful, во која призна дека е дислексичен. Книгата се очекува да се појави во хартиена форма на 10 октомври.

Дислексија е состојба при која мозокот различно ги процесира пишаниот или говорениот јазик и создава потешкотии во читањето, пишувањето и генерално во учењето.”

„Можев да ви кажам дека беше одлично да седнам и да ги снимам моите зборови, но вистината е дека бев преплашен. Еве ја мојата тајна. Јас сум ужасен читател“, рече Шварценегер.

Глумецот се потсети како во 1950-тите , кога учел во родната Австрија, не се зборувало за постоењето на деца со пречки во учењето, Шварценегер го опишал неговото читање пред класот како неуспешно, поради што бил тепан со лењир.

„Сега знам дека сум дислексичен. Кога се подготвувам за филм, го читам сценариото одново со месеци, додека не се сетам на секој ред. Ми треба време и повторување за да ги совладам зборовите”, рече актерот.

Зборувајќи за аудио книгата, Шварценегер рече дека му било кажано од писателите дека ќе ја завршат за два до три дена во студио. Тој побарал домашни услови за снимање и најавил дека ќе минува од 20 до 30 страници дневно. Тоа му овозможи да работи со режисер и продуцент два пати на ден на пократки сесии.

Актерот познат по филмовите „Конан варваринот“, „Предатор“, „Вистински лаги“ и серијата „Терминатор“ рече дека со снимањето на аудио книгата дознал дека мора да оди напред.

„Направив толку многу повторувања што не можам да ги избројам. Ги искршив на мали парчиња, знаејќи дека малите добивки градат големи победи, или во овој случај, цела книга“, рече актерот.

Шварценегер истакна дека се надева оти слушателите на книгата ќе бидат инспирирани, не само од зборовите, туку и од процесот на снимањето.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....