7.8 C
Скопје
08:46 - 17 март, 2026

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Покачен холестерол во крвта се јавува како последица на стрес, консумирање на високо калорична храна, но и поради пиење малку вода. Иако за решавање на ваквата здравствена состојба постојат голем број лекови, кои доколку посетите лекар ќе ви бидат посочени како начин за решавање на вашата моментална здравствена состојба, сепак, никогаш не е на одмет да се обидете сопствените здравствени проблеми да си ги решите со одредени природни намирници што се покажале како исклучително делотворни.

Измешајте мед со сок од морков, лимон и рен

Кај високото ниво на холестерол во крвта, препорачливо е да се обидете да го намалите со подготовка на еден стар народен лек, кој според искуствата на оние што го консумирале, за многу кратко време може да ја врати вашата крв „во нормала“.

За да го подготвите овој лек, потребно е да измешате две лажички мед со 150 милилитри исцеден сок од морков, заедно со исцеден сок од три лимона и 150 милилитри сок од рен.

Сите овие состојки убаво измешајте ги и од добиената течност консумирајте по три супени лажици, еден час после секој оброк, односно три пати на ден. Добиената течност, секогаш чувајте ја во фрижидер за на тој начин да спречите да се расипе или да ги изгуби хранливите и лековитите вредности.

Постапката практикувајте ја најмалку три месеци. Откако ќе помине овој временски период, посетете лекар и направете си нова контрола на крвта. Верувајте дека ќе се изненадите од добиените резултати.

Никогаш не јадете пржена храна

Кога имате проблеми со високиот холестерол во крвта, обидувајте се да избегнувате да мешате протеини со јаглени хидрати и никогаш не јадете пржена храна. Покрај тоа, внимавајте и на количеството на внесен шеќер како и сол во вашата исхрана, бидејќи доколку овие две намирници ги внесувате во поголеми количества, истите можат дополнително да ја влошат вашата здравствена состојба.

Меѓу намирниците кои треба да ги избегнувате доколку сакате да го намалите холестеролот во крвта, се и тестенините како што се шпагетите, макароните, пиците, пастрмајлиите, како и лебот.
Наместо тоа, за време на ручекот секогаш јадете ја храната без леб, а доколку сте од оние кои не можат да замислат појадок, ручек или вечера без да јадат леб, во тој случај секогаш јадете интегрален леб кој е полн со семиња, ржан леб или обичен леб кој претходно сте го тостирале.

Намалена физичка активност
Намалената физичка активност како и честото седење, исто така се причинители за појава на високо ниво на холестерол во крвта. Како фактор плус се посочува и постојаното седење, лежење како и зголемената телесна тежина, но и зголеменото консумирање на алкохол.
Според лекарите, постојаното консумирање на алкохол (секој ден по неколку милилитри) може да предизвика значително поголема штета кај оние што го прават тоа, отколку кај луѓето кои ретко пијат алкохол, но во големи количини.

Секој ден јадете портокал
Со оглед на фактот што во составот на портокалите е сконцентрирано големо количество на пектин кој има моќ да го елиминира присуството на високиот холестерол во крвта, секогаш кога ќе имате можност, посегнете по еден портокал и изедете го. Јадете портокали онолку колку што сакате, бидејќи тие во својот состав имаат и високо ниво на витамин Ц, кој има улога да ви го зајакне имунитетот и да спречи појава на одредени инфекции во телото, а меѓу другото ќе ви помогне и да ги исчистите масните наслаги наталожени по ѕидовите на вашите крвни садови.

Јадете грав и леќа
Доколку имате проблем со покачен холестерол, обидете се барем неколку пати во една седмица да јадете грав и леќа. Растворливите растителни влакна што ги има во овие намирници се корисни за вашето срце. Исто така редовно јадете и сардини кои се богати со Омега 3 масни киселини, кои значително многу помагаат во намалувањето на холестеролот, а со самото тоа и кон чистењето на затнатите артерии.

Слични објави

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо
Се вчитува....