10:12 - 7 април, 2026

Најстарото „точно време“ по 89 години заминува во историјата

Франција, вчера на полноќ по цели 89 години постоење, ја исклучи услугата „точно време“. Воедно таа е и првата земја што воведе „гласовен часовник“ за информирање за точното време.

Државната телефонска компанија ја откажа услугата за точно време, која чинеше 1,5 евра по повик, бидејќи за неа немаше интерес во ерата на паметните телефони.

Но било сосема поинаку во далечната 1933 година, кога беше воведен првиот автоматски гласовен часовник во Париската опсерваторија, астрономски истражувачки центар.

Пред да се воведе „гласовниот часовник“, вработените морале лично да одговараат на прашањата за точно време на телефоните на опсерваторијата. Точно 20 телефонски линии примале 140.000 повици, од кои само на 20.000 можело да се одговори поради тогашната технологија.

Телефонската услуга „точно време“, инаку, сѐ уште се нуди во други земји. Во Германија, на пример, според „Телеком Дојчланд“ овие повици сѐ уште се прилично популарни, особено во деновите кога времето се менува од летно во зимско и обратно.

Слични објави

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....