4.8 C
Скопје
15:48 - 17 декември, 2025

Најсилна кога е најтешко, и затоа ќе победам: Уште една интимна исповед на Ксенија Николова

Писателката Ксенија Николова која отворено зборува за нејзината борба за мајчинство и за булингот кој го дожививувала, со уште една многу интимна приказна.
– Сакана моја мала Ксенија, дојди да те гушнам! Јас многу малку се сеќавам на тебе, на твоето детство. Се трудам преку пишување да си ги пополнам дупките и одвреме, навреме, успеавам да те здогледам, да ти го чујам гласот, да те ѕирнам од некаде додека си играш и да ги поминам со тебе моментите кога си сама.
Сосем малку, ама успевам. Не знам зошто, ама најтешко ми е да склопам нешто за тебе, иако точно знам што сакам да ти кажам, не знам како, како да немам зборови, снемувам глас.
Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати многу работи, многу нешта остави зад себе и почна одново, а оттогаш, тој некој ти го чува грбот. Јас, тој некој сум јас.
Ти во својот свет си уште од малечка, со пишувањето, со уметноста, во светот од каде извира чиста наивност која се претвора во ранливост, а тоа те прави совршена мета. Сето тоа ќе помине, а ќе останеш чиста, затоа и секогаш ќе имаш креативност во изобилие.
Во еден момент, тој твој свет ќе го срушат и ќе дојдат години кога ќе се чувствуваш како некој да ти го украл животот. И тоа ќе помине, ти ќе останеш чиста, затоа и ќе ги победиш, и нив, и себе.
Ти си најсилна кога е најтешко, твојата ранливост не е слабост, како што многумина ќе помислат, ти чувствуваш со сите сетила и тоа е твоја вештина.
Ксенија, сакам да ти кажам уште нешто, овој живот е твој и тука си со причина, човек со нешто се раѓа, не ни е сѐ дадено, кругот можеш да го прекинеш и ќе го прекинеш, баш ти. Ксенија, ќе има тешки години, а во еден момент ќе ме запознаеш мене и ќе сфатиш дека сето тоа што се случи, се случи за да се случам и јас. И тогаш, за нас ќе почне еден нов живот во кој главната улога ќе ти припадне тебе.
Ксенија, ти си дете на Бог, сакана си и чувана си, секогаш! А јас драга моја, не само што те сакам, јас те почитувам, и ветувањата што ти ги давам тебе, од нив не отстапувам!
Ти ветив нешто подобро, ти ветив крај на хаосот, така и е, а допрва, допрва драга моја Ксенија доаѓа сето она што конечно си спремна да го прифатиш.
Ксенија, сѐ повеќе ќе дознаваш колку можеш. Те сакам и сум ти најдобар другар. Твоја,
К“, напиша писателката на Фејсбук.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin
Се вчитува....