12.8 C
Скопје
15:10 - 24 март, 2026

Надица Адемов едвај чека да заврши 2025 година: „Настинка, температура, кашлица… “

Надица Адемов празничните денови ги поминува во кревет со својата ќерка, надевајќи се дека двете ќе се опорават од вирусот кој зафати многумина. Пејачката се фотографираше со својата ќерка и испрати јасна порака дека сака што побрзо да влезе во 2026 година.

„Настинка, температура, носенце, кашлица… Аман, ќе заврши ли веќе оваа година?“ – напиша Надица на својот Инстаграм профил.

Инаку, Надица неодамна за „Скандал“ зборуваше за прекинот на пријателството со Александра Пријовиќ.

„Мене ме прашаа милион и еден пат зошто, а неа никогаш. Тоа прашање е повеќе за неа отколку за мене, бидејќи јас не се оддалечив од неа. Неколку месеци по нејзиниот раскин со Љуба, тоа едноставно се случи, одеднаш. Никогаш не сум ја озборувала, ниту пак сум слушнала дека таа мене ме озборувала“, изјави Надица, па додаде:

„Не ја ни повикав, јас не сум таков тип. Особено ако знам дека за нешто не сум виновна. Јас се повлекувам на страна и ако некој има нешто да ми каже, би сакала да ме повика и да ми каже како стојат работите, а не едноставно да се тргне и како… ништо да не се случило.“

Надица истакна дека многу ѝ е жал што повеќе не комуницираат:

„Жал ми е, бидејќи навистина бевме блиски. Би лажела ако кажам поинаку, а и таа тоа го знае. Нашата последна средба беше на свадбата кај Каќа Грујиќ, кога ми рече: ‘Многу ми е драго што си среќна, што конечно си нашла некој што те сака и почитува.’ Значи, сосема нормален однос – никој не би рекол дека сме се оддалечиле“, заклучи пејачката.

Слични објави

(Фото) „Момент на вечноста“: Тигар објави фотографија со Јована Јеремиќ во Виена

Еспресо

„Докторите ми ветуваа брза смрт“ – Ведрана Рудан за борбата со ракот: Две години умирам, а ништо не се случува

Еспресо

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.
Се вчитува....