0.8 C
Скопје
04:28 - 10 март, 2026

Над 40 секси фотографии од Мадона одат на аукција – дел од парите ќе бидат за сирачињата во Африка

Фотографии од популарната книга „Секс“ на американската пејачка Мадона оваа есен првпат ќе бидат понудени во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, како дел од прославата на 30-годишнината од објавувањето на контроверзното дело.

– И 30 години подоцна, „Сексот“ сè уште е, донекаде, контроверзна книга, но сепак – го поттикнува прифаќањето на телото и сексот… Повеќе од 40 ретки фотографии, потпишани од Мадона и модниот фотограф Стивен Мејзел, кој ги создал сликите, ќе се продаваат за 50.000 до 300.000 долари, изјави Дариус Хајмс, потпретседател на аукциската куќа Кристи.

Книгата беше продадена во повеќе од 1,5 милиони примероци, содржи фотографии на Мадона и други луѓе голи или симулираат секс. Ватикан им порача на своите следбеници да ја бојкотираат книгата, која е и забранета во земји како Ирска и Јапонија. Хајмс ги опиша фотографиите како еротски, а игриви.

– Колекцијата доловува миг во времето на еден од најголемите модни фотографи од неговата генерација, и кралица на попот. Иако има разиграност и кич, има и „голи класици“. Мислам дека (фотографиите) одекнуваат низ неколку генерации, рече тој.

Дел од приходите се наменети за непрофитната организација „Рајзинг Малави“, којашто во 2006 година ја основа Мадона, за да им помогне на сирачињата и децата од ранливите категории во африканската земја Малави.

Слични објави

Бројките не лажат: Водењето љубов наутро ги зголемува шансите за поголема плата и за напредување на работа

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца во бунда од природно крзно од 5.000 евра: Богдана Ражнатовиќ во Русија, не ја тргна насмевката покрај Вељко

Еспресо

(Фото) „Ми рече дека нема да доживеам 50 години“: Милиќ Вукашиновиќ се спротивставува на судбината и го слави животот, по ампутацијата на ногата

Еспресо

Познатиот пијанист ги демантираше гласините: „Не сум момче на Азис“

E.A.

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Анѓелка за 8 Март доби необично изненадување: Сопругот ја однесе на печење на пазар

E.A.
Се вчитува....