11:35 - 13 ноември, 2026

Нацистичката униформа на концерт му отвори работа со полицијата – Роџер Вотерс е под истрага

Германската полиција отвори истрага против ко-основачот на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, поради униформа во нацистички стил што ја носеше на неодамнешниот концерт во Берлин.

„Отворена е истрага за костимот прикажан на концертите на 17 и 18 мај“, изјави портпаролот на берлинската полиција Мартин Халвег за „Гардијан“.

Покажувањето симболи на нацистичкото владеење, вклучително и свастиката или ознаките на СС, е нелегално во Германија, со исклучоци за образовни цели и во уметнички контекст.

„Се смета дека контекстот на носената облека може да го одобри, глорифицира или оправда насилното и произволно владеење на нацистичкиот режим на начин кој го нарушува достоинството на жртвите и со тоа го нарушува јавниот мир“, рече Халвег.

На концертот во берлинската „Мерцедес Бенц арена“, Вотерс се појави на сцената како ликот Пинк од рок операта „Ѕидот“ за време на изведбата на песната In the Flesh, облечен во црн кожен мантил со црвена лента на која имаше два вкрстени чекани наместо свастика.

Во рок операта, песната го означува спуштањето на нејзиниот протагонист во халуцинација предизвикана од дрога, во која тој се замислува себеси како измислен фашистички диктатор кој се обраќа на неонацистички митинг.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....