12.8 C
Скопје
13:21 - 24 март, 2026

На 18 март во МКЦ: 25 години јубилеј на култниот загрепски поп/хип-хоп бенд „ЕЛЕМЕНТАЛ“

На 18 март, сабота, со почеток од 21 часот во МКЦ е закажан концерт на бендот „ЕЛЕМЕНТАЛ“.

Како еден од најуспешните бендови на Балканот, по 25 години постоење, 8 албуми, 40 музички спотови и 60 милиони прегледи на Јутјуб, со 120.000 следбеници на социјалните мрежи и речиси 1.000 настапи во живо, време е Елементал да слави толку долга кариера како бенд со турнеја по сите поголеми градови низ поранешната држава, а на мапата е и Скопје.

Да потсетиме, Елементал во 2016 година го одбележа своето полнолетство со турнеја и голем концерт во Дом спортова во Загреб, 20-та година ја прослави со објавувањето на биографијата „Све, само не романтика!“ , напишана од Марко Подруг.

Откако започнаа како трио во 1998 година, Елементал прерасна во полнокрвен седумчлен бенд со еклектични настапи во живо. Последниот студиски албум „Илица“ излезе исклучиво дигитално, а бендот наскоро најавува нови песни. Елементал редовно настапува на музички фестивали низ регионот и е еден од најбараните концертни бендови, а со славеничката голема турнеја низ Балканот уште еднаш ќе докажат дека песните како „Голи и боси“, „Проклета љубав“ , „Бољи си“, „Малена“, „Зашто те имам“, „Из дана у дан“ не беа лесно наградени со музички статуи.

Билети по цена од 500 денари на билетарница МКЦ или на www.bileti.mkc.mk, на врата цена на билет ќе изнесува 700 денари.

 

Слични објави

(Фото) Благоја Грујовски запеа за мајката на Гавазова со посебен повод

msp-admin

„Нe сум родена да живеам сама“ – ексклузивна исповед на Ана Бекута

E.A.

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

msp-admin

„Ти Станија не треба да бидеш пример на девојчињата“ – Понижувањето кое старлетата го доживеа во емисијата на Сања Маринковиќ и денес се прераскажува

E.A.

Миро Кацаров во прегратка на двете деца, посебна слика на водителот со Тадеј и Миа

msp-admin

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.
Се вчитува....