11:53 - 6 април, 2026

Моника Белучи ја потврди врската со Тим Бартон: „Ова ретко се случува во животот, го сакам неговиот бајковит свет“

Италијанската актерка Моника Белучи даде долго интервју за магазинот „Elle France“ во кое потврди дека излегува со режисерот Тим ​​Бартон.

„Што да кажам… Пред се, мило ми е што го запознав овој човек. Ова е едно од оние познанства што ретко се случуваат во животот. Го познавам овој човек, го сакам“, изјавила 58-годишната актерка за 64-годишниот режисер, коментирајќи ги гласините за нивната романса.

Актерката признала и дека ѝ се допаѓа режисерската визија на Бартон.

„Го сакам неговиот бајковит свет каде чудовиштата се љубезни, како да можеме да ги претвориме нашите темни страни во нешто светло, кое простува. Филмовите на Тим Бартон зборуваат многу за тоа“, објасни Белучи.

Сега Моника Белучи работи со Тим Бартон во филмот „Beetlejuice 2“, снимањето се одвива во Лондон.

Дека актерката е во романтична врска со филмскиот режисер првпат беше објавено во февруари оваа година, кога магазинот Paris Match објави папарацо фотографии од парот на прошетка низ Париз. Се претпоставува дека романсата започнала по средбата на 14-тиот филмски фестивал „Браќата Лумиер“, кој се одржа минатиот октомври во Лион, Франција.

Слични објави

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....