13:44 - 5 декември, 2025

Мистериозна смрт на турската пејачка Гулју: Истрагата открива нови шокантни детали

Познатата турска пејачка Гулју почина на 26 септември по пад од терасата на својот дом во Јалова. Имала 52 години и важеше за една од најзначајните изведувачки на арапската музика во Турција. Трагедијата ја потресе јавноста, а истрагата која сè уште трае отвора повеќе прашања отколку одговори.

Во моментот на падот, во куќата биле присутни само пејачката, нејзината ќерка и една пријателка. Синот на Гулју, Тугберк Јагиз Гултер, сведочеше дека утрото на трагичниот ден спиел во нивниот дом во Истанбул, кога го разбудил повик од сестра му: „Мама падна, тука е итната помош, дојди брзо.“

Тој веднаш ги проверил безбедносните камери од куќата. „Мајка ми излезе од бањата, пушти весела музика и извика: ‘Подготвени ли сте? Ајде да играме.’ Минутa подоцна се слушна кршење стакло. Сестра ми викна ‘О, Боже’, а потоа и таа и пријателката врескаа и истрчаа надвор,“ изјави тој. Според него, подовите биле многу лизгави, а прозорците во куќата се во висина на струк и можат целосно да се отворат. „Верувам дека се лизнала, можеби и под дејство на алкохол. Не мислам дека си одзела живот,“ додаде.

Ќерката Тугјан во својот исказ исто така навела дека мајка ѝ се лизнала додека играла.

Медиумите потсетуваат дека само една недела пред несреќата, пејачката на истото место во куќата се лизнала и завршила во болница. Тој податок дополнително ја потврдува можноста трагедијата да била резултат на несреќен случај.

Иако обдукцијата не покажала траги на насилство, дел од јавноста и нејзините колеги не веруваат дека се работи за обична несреќа. Пејачот Џенк Ерен изјави: „Ова е навистина чудно. Се надевам дека сите грешиме, затоа што ако не е така, ќе дознаеме страшна вистина.“

Пејачката Бесте Ачар отиде чекор понатаму. Таа тврди дека внимателно ги слушала снимките од домот и дека се слуша детски глас кој вели: „Ја фрли мајка ми, ја фрли мајка ми“. Според неа, постои можност во станот да имало и трета личност, што мора сериозно да се испита.

Истрагата открила дека камерите во куќата имале специјална функција која ја пригушувала музиката и ги нагласувала човечките гласови. Тоа го отежнува толкувањето на снимките, бидејќи не е јасно дали сите звуци се автентични или филтрирани.

Од друга страна, обдукцијата потврдила дека смртта настапила исклучиво од повредите предизвикани од падот од петтиот кат. Не биле пронајдени никакви траги на физичко насилство.

Гулју беше една од најистакнатите пејачки на турската арапска музика. Со својата емоционална интерпретација и специфичен стил, стекна бројни обожаватели низ целата земја. Нејзината смрт ја потресе не само Турција, туку и пошироката јавност. Социјалните мрежи се преплавени со пораки на жалост, но и со повици за целосно расчистување на случајот.

Иако официјалните извештаи засега зборуваат за несреќен случај, јавноста е поделена. Едни веруваат дека се работи за трагична несреќа, други се сомневаат во прикриена вистина. Турските власти најавија дека ќе продолжат со детална истрага за да се утврдат сите околности околу смртта на пејачката.

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....