7.8 C
Скопје
10:34 - 1 април, 2026

Мистериозна смрт: Албански глумец и сопругата паднале од 6 кат, во станот биле и нивните две деца

Полицијата во Њујорк ја истражува мистериозната смрт на албанскиот актер и неговата сопруга, кои паднале од шести кат од зграда и истражува дали можеби имало знаци на борба.

Албанскиот актер Флоринд Белиу (35) и неговата сопруга Орнела Шехи (28) во саботата околу 9 часот биле пронајдени мртви во дворот на зграда во Бронкс. Соседите велат дека го слушнале плачот на нивните два сина, едниот двегодипен, другиот шестгодишен, а локален извор за Њујорк пост изјавил дека Орнела паднала прва, а неколку секунди подоцна и нејзиниот сопруг.

Во станот наводно не била пронајдена проштална порака, а додека се чекаат резултатите од обдукцијата, полицијата истражува дали можеби имало знаци на борба пред кобниот пад. Откако неколку соседи го опишале актерот како „бесен човек“, кој „се држеше за себе“, полициски извор за Пост изјавил дека мажот можеби боледувал од ментално растројство.

„Во станот постојат знаци кои покажуваат дека не било се во хармонија, како да не одлучиле само да ги остават децата и да скокнат“, велат од полицијата.

Соседите исто така истакнале дека Флоринд тој кобен ден го прославувал својот роденден, а парот го опишале како тивок и повлечен. Инаку, парот пред четири месеци се вселил во нов стан со двете деца, а полицијата не добила пријави за семејно насилство.

Актерот дипломирал на Универзитетот во Тирана, настапувал на телевизија и во театар пред да се пресели во САД. Во интервјуто кое го дал пред две години, тој открил дека работи на две книги и филмско сценарио кои сака да ги претстави на Нетфликс.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....