8.8 C
Скопје
11:35 - 1 април, 2026

(Видео) Мис Универзум Чиле се покаја за видеото на кое „шмрка кокаин“: Требаше да кажам „не“

Мис Универзум Чиле, Ина Мол, им се извини на своите следбеници откако на социјалните мрежи почна да кружи видео на која се преправа дека шмрка кокаин. На видеото, кое подоцна го избриша од својот профил на ТикТок, таа се гледа како „шмрка“ шминка, со песната „Addicted to You“ од Шакира во заднина.

Иако станува збор за шега, многумина ја осудија поради ваквиот потег, а дел од јавноста дури побара нејзино исклучување од натпреварот Мис Универзу (Miss Universе).

„Ова е нормално во Чиле“, „Си ја уништи сопствената репутација“, „Невкусно“, „Апсолутно непромислен потег“, „Знам дека ова е тренд, но треба да имаш на ум дека ја претставуваш својата земја“ — беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Подоцна, Ина на Инстаграм објави извинување до сите што се почувствувале навредени:

„Шминкерот ми предложи да го снимам тоа, и можеби поради јазичната бариера не сфатив целосно што се случува. На почетокот реков ’не‘, но тој инсистираше, па на крајот прифатив. Требаше одлучно да кажам ’не‘“, изјави таа.

Ина Мол моментално престојува во Тајланд, каде што се подготвува за учество во 47-то издание на Мис Универзум. Меѓу другото, објави дека ужива во дружењето со Мис Универзум Хрватска, Лаура Гњатовиќ.

Финалето на изборот ќе се одржи на 21 ноември.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....