13.8 C
Скопје
15:38 - 26 октомври, 2026

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Пејачката Милица Тодоровиќ искрено зборуваше за периодот по раѓањето на нејзиниот син Богдан и откри дека редовно оди на психотерапија.

Таа во едно телевизиско гостување раскажувала за тешкиот период низ кој поминала, за борбата со сопствените емоции, за мајчинството по раѓањето на синот, но и за љубовта и грижата за менталното здравје.

Говорејќи за мајчинството, Тодоровиќ признала дека особено тешко ѝ паѓа разделувањето од синот поради работните обврски.

„Ова е прва емисија откако се породив во која толку многу зборувам за бебето. Ми беше тешко, никој не ме праша која е вистината“, рекла пејачката.

Таа отворено признала дека по породувањето поминала низ период исполнет со хормонални промени и тешки емоционални моменти. Наместо да ги игнорира проблемите, решила да побара стручна помош.

„Знаеш, кога ќе одиш кај психотерапевт, не знам дали некогаш си одела, јас одам редовно, веднаш почнувам да плачам“, искрено раскажала Милица.

Пејачката нагласила дека посетувањето психијатар или терапевт не треба да биде тема за која луѓето се срамат или молчат.

Тодоровиќ зборувала и за својот емотивен живот и за начинот на кој доживува љубов. Во свој стил, со насмевка признала дека кога ќе се заљуби, целосно се препушта на чувствата.

„Кога ќе се заљубам, јас сум будала“, рекла таа низ смеа.

Иако разделувањето од синот поради настапите и другите професионални обврски не ѝ е лесно, Милица вели дека успева да ги усогласи мајчинството и кариерата.

И покрај сите предизвици со кои се соочила во изминатиот период, пејачката истакнува дека денес е среќна и исполнета.

Слични објави

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.
Се вчитува....