13.8 C
Скопје
15:38 - 26 октомври, 2026

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Најмладиот член на семејството Гудељ ужива во вниманието на своите најблиски уште од неговите најрани денови. Илијан, новородениот син на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ е сè уште бебе, но веќе доби парче облека чија цена многумина би изненадила.

Фотографијата на внукот ја објавија неговите баба и дедо, Небојша и Оливера Гудељ, а од нивната објава особено беа воодушевени нивните следбеници. Иако малечкото било во преден план, еден детаљ од фотографијата не можел да остане незабележан.

Станува збор за фармерките што ги носи Илијан, а кои се од луксузниот бренд „DSQUARED2 Kids“. Ова конкретно парче покажа дека семејството Гудељ ептен води за тоа што носи најмладиот член.

Screenshot

Цените на ваквите детски модели се движат од околу 160 до 240 евра, додека некои варијанти од колекцијата можат да чинат и до 700 евра.

Илијан е роден на 15 јули. Анастасија и Немања не откриваат премногу детали од секојдневниот живот со наследникот, но повремено објавуваат фотографии кои покажуваат колку многу им се променил животот откако станале родители.

Моментите што Небојш и Оливер ги споделуваат со својот внук се особено емотивни. Откако презедоа нова улога во животот, гордите баба и дедо често покажуваат колку уживаат да го поминуваат времето со Илијан.

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Немања му го даваат најдоброто на својот син, а најновата фотографија е само уште еден доказ дека луксузот во неговиот случај не важи само за она што го опкружува, туку и за неговата гардероба.

 

Слични објави

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.
Се вчитува....