13.8 C
Скопје
15:38 - 26 октомври, 2026

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Фолк-пејачот Драган Којиќ Кеба откри нови детали за свадбата на својот син Игор Којиќ и неговата бремена партнерка Николина.

Кеба денеска се појавил на снимањето на новата епизода од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ каде што пред присутните новинари зборувал за плановите за свадбата.

Пејачот открил дека големата прослава сепак нема да се одржи годинава, туку дури следната година.

„Повторно свадба? Ќе биде догодина. Ќе бидете поканети“, рекол Кеба, а потоа го запеал познатиот хит „Свадба, свадба“.

Новинарите го прашале и дали на свадбата на неговиот син ќе пее Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Кеба со својот препознатлив хумор одговорил:

„Па што ќе прави? Јок, нема да пее“, рекол низ смеа.

Со тоа тој практично потврдил дека Цеца ќе биде дел од музичката програма на свадбената прослава.

Игор Којиќ неодамна првпат се појави во јавноста со својата бремена сопруга Николина. Таа носела елегантен бел фустан, под кој јасно се забележувал трудничкиот стомак.

Игор не ја криел среќата поради приновата и раскажал дека бил пресреќен кога дознал дека ќе стане татко.

Голема радост имало и во семејството Којиќ. Кеба не крие дека со нетрпение ја очекува улогата на дедо и дека веста за бременоста на снаата исклучително го израдувала.

Кога станува збор за полот на бебето, Игор претходно истакнал дека воопшто не му е важно дали ќе добие син или ќерка. Најважно му е бебето да биде здраво и среќно.

Така, додека семејството се подготвува за новиот член, свадбената веселба е оставена за следната година, а според најавите на Кеба, на прославата нема да недостига ниту добра музика.

Слични објави

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.
Се вчитува....