13.8 C
Скопје
15:38 - 26 октомври, 2026

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина имаа посебна причина за славење – нивната ќерка го прослави роденденот.

Гордата мајка по тој повод сподели серија фотографии од прославата на социјалните мрежи, но и емотивна порака која привлече големо внимание.

Катарина покажа дел од најслатките моменти од роденденот. Девојчето позирало со косата собрана во пунџа и украсена со светкави детали, додека уживало во роденденската торта украсена со срце и свеќичка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Lazić (@katarinalazic_24)

Малата славеничка била облечена во бела облека со розови детали, а фотографиите од прославата веднаш ги воодушевиле следбениците на нејзината мајка.

Сепак, покрај фотографиите, особено внимание привлече пораката што Катарина ја сподели на својот профил.

Со црно-бела фотографија на приказната на Инстаграм таа искрено признала дека тешко ѝ паѓа сознанието дека нејзината ќерка расте толку брзо.

„Зошто никој не ми кажа дека секој нејзин роденден вака тешко ќе ми паѓа?“

„Среќна сум што ја имам и што е токму таква каква што е, но не можам да прифатам дека времето толку брзо минува.“

Со овие зборови Катарина покажала колку емотивно го доживува секој нов роденден на својата ќерка. Радоста поради нејзиното растење е проследена и со носталгија, бидејќи времето поминува побрзо отколку што би сакала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Lazić (@katarinalazic_24)

 

Слични објави

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.
Се вчитува....