19:16 - 9 април, 2026

Милан Станковиќ во духовна потрага: Велигденскиот пост го минува по манастири со мајка му

Пејачот Милан Станковиќ веќе подолг период е повлечен од јавноста, а наместо на сцена, времето го поминува во духовен мир и молитва.

Според информации од неговото соседство, Станковиќ во периодот на Велигденскиот пост ги посетува манастирите заедно со својата мајка, со која е исклучително близок.

„Не е тука веќе подолго време. Овие денови ги минува по манастири. Колку што знам, мајка му е со него. Монасите им читаат молитви и им даваат свето масло, тоа многу му значи“, изјавил еден сосед.

Соседите додаваат дека ретко го гледаат, бидејќи најчесто директно од станот се упатува кон автомобилот, без многу комуникација со околината.

Инаку, познато е дека Станковиќ во изминатите години целосно го промени животниот стил, особено во периодот кога неговата мајка се соочувала со сериозни здравствени проблеми.

Во тој период, тој сè почесто се повлекувал во манастири, меѓу кои и Манастир Подмаине, каде престојувал со месеци, молејќи се за нејзиното здравје.

Според наводите, по престојот во манастир и редовните молитви, здравствената состојба на неговата мајка значително се подобрила, што тие го доживеале како вистинско чудо.

И покрај гласините за негово можно враќање на музичката сцена, Станковиќ засега останува далеку од естрадата, посветен на духовниот живот и семејството.

Слични објави

(Видео) Рале фатен како купува цвеќе за Ана, додека нејзината ќерка била со него

Еспресо

Новата колекција на „Прагма“ е сè што ви треба за да заблескате

Еспресо

(Фото) Водителката Марија се огласи од Словенија со посебен повод за среќа

Еспресо

Клиника „Жан Митрев“, дел од панел-дискусијата за органодарителство

apostolova

Синот на Харис Џиновиќ започна сопствен бизнис: „Не сакаше да биде само син на познат пејач“

Еспресо

Буба Корели ја замени затворската казна со парична уплата од околу 12.000 евра

Еспресо
Се вчитува....