7.8 C
Скопје
21:08 - 1 април, 2026

Мики Рурк за Амбер Херд: „Таа е апсолутна спонзоруша“, „И мене ме обвини за нешто што не сум направил“

Мики Рурк  ја нарече спонзоруша поранешната сопруга на пријателот Џони Деп, Амбер Херд.

За време на искреното интервју со Пирс Морган на Talk TV, актерот Рурк рече: „Па, знаете, го познавам Џони многу години, но не го познавам многу интимно. Сè што можам да кажам е дека еднаш бев во ситуација кога ме обвинуваа за нешто што не сум го направил. Тоа ме чинеше неколку години филмска работа и ми донесе лоша репутација“.

Актерот потоа продолжи: „И конечно излезе вистината на виделина, но вистината излезе откако ги изгубив филмовите и работата и толку многу ми беше криво што некого некоја спонзоруша се обидува да го искористи, знаеш“, вели Рур.

Пирс го праша: „Мислиш дека тоа беше таа?“, а Мики Рурк одговори: „Апсолутно, апсолутно“.

Инаку, Џони Деп и Мики Рурк глумеа заедно во филмови како „Беше еднаш во Мексико“ и документарниот филм „Лента на ајдисонце “. Но Рурк не е единствената славна личност која јавно го поддржа Деп, тоа го направија и други ѕвезди како Шерон Озборн, Ешли Бенсон и поранешните партнерки на Деп, Ванеса Паради и Винона Рајдер.

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....