18:54 - 8 јануари, 2026

Михаил ѝ купи скап накит, а Татјана раскажа и колку се потрошила за новиот фустан

Татјана Стојановска искрено кажа колку чини нејзиниот нов фустан, а раскажа и каков убав накит ѝ купил сопругот, Михаил Китановски.

Гостувајќи во поткастот на Марио Арангеловски „Естраден лексикон“, таа одговори на неговото познато прашање: „Колку чини твојот аутфит?“

– Мојот аутфит е пак едноставен, ова е фустан што си го купив специјално за емисијава. Многу е ефтин, имаше попуст.

Имаше и црн, јас си реков ајде во оваа боја, и чинеше само 1.300 денари. Чизмите ми се од македонски бренд, од Цаци Паковска, но купени ми се пред неколку години. Толку се удобни што само нив ги носам во овој период од годината.

Фото / Инстаграм

Алката ми е најскапа, таа е подарок од Михаил – рекла Татјана, но не открила колку чинел подарокот.

Инаку, 10 години откако се свршија, ТВ-презентерката и нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, во јуни во 2023 година се венчаа пред најблиските.

– Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно – рекла тогаш Татјана за „Слободен печат“.

Слични објави

Познатиот хит „Ноч ми те дугује“ Здравко Чолиќ го посветил на неговата голема љубов

Еспресо

(Видео) Се вери Кија Коцкар! Веднаш се пофали со огромен прстен!

Еспресо

(Видео) Јелена Карлеуша ги земa работите во свои раце: Пејачката со лопата излезе да го чисти снегот

Еспресо

Кеба откри како го добил прекарот: „Ни јас долго време не знаев што значи тоа“

Еспресо

(Фото) Божиќната погача со крст на средина на Ана Ивановиќ

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дигестивното здравје за време на празниците

Еспресо
Се вчитува....