2.8 C
Скопје
20:26 - 18 февруари, 2026

Метју Пери во тестаментот за првпат проговори за своите деца: „Нема да имаат пристап до наследството!“

Метју Пери го напишал својот тестамент 14 години пред неговата смрт. Во тестаментот актерот за првпат проговори за своите деца.

Во медиумите се појави дел од тестаментот на 54-годишниот актер Метју Пери, кој ненадејно почина пред четири месеци. Деталите од правниот документ ги сподели американското издание Пипл.

Како што се испостави, актерот многу однапред подготвил документи во кои го оставил својот имот во аманет на поверениците на фондацијата „Алви Сингер Ливинг Траст“, кој го носи името на ликот на Вуди Ален во Ени Хол. Повереници на фондацијата се родителите на покојниот актер Џон Пери и Сузан Морисон. Исто така, наведени во тестаменото како корисници на неговиот имот се и неговите полусестри, Кејтлин Морисон и Рејчел Дан.

Излегува дека Пери го напишал својот тестамент уште во 2009 година. Во него Пери првпат ги спомнува своите деца. Поточно, актерот официјално нема потомци и не е биолошки татко. Сепак, актерот веројатно „играл“ безбедно и во тестаментот посочил клаузула со која категорично се откажува од татковството на секое дете. Поточно, тестаментот вклучува клаузула дека сите деца што би ги имал (доколку ги има) нема да имаат пристап до неговиот имот.

Според објавените документи, актерот поседувал имот вреден повеќе од 1 милион долари.

Да потсетиме, Пери почина во сабота, 28 октомври 2023 година, во својот дом во Лос Анџелес. Имаше 54 години. Тој бил пронајден мртов во базенот од куќата во која живеел. Резултатите од обдукцијата покажаа дека смртта на актерот била предизвикана од акутните ефекти на кетаминот, а давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфинот (лек кој се користи за лекување на нарушување на употреба на опиоиди), исто така, беа наведени како фактори за неговата смрт, која на крајот беше прогласена за случајна.

Слични објави

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо
Се вчитува....