18.8 C
Скопје
18:49 - 13 април, 2025

Месечен хороскоп за јули: Флерт, страст, нова љубов… Што ви носат ѕвездите?

Овен

Кариера и пари:

Во првиот дел од јули, ѕвездите ќе ви донесат многу нови шанси за позитивни промени. Ве чека профитабилен период, но и многу состаноци, дискусии и договори. Финансиски, ќе имате причина за оптимизам.

Здравје:

Накратко кажано, овој месец нема да има причина да се грижите за вашето здравје. Ова ќе биде период кој ќе ви донесе подобрување на здравјето и медицински решенија, доколку ви требаат.

Љубов:

До 28 јули, ќе имате можност да донесувате важни одлуки во врската, но тоа исто така може да предизвика и конфликти. Кон крајот на јули, вашиот љубовен живот значително ќе се подобри.

Совет: Организирајте фамилијарен ручек.

Бик

Кариера и пари:

Од професионален аспект, јули ќе биде доста ефективен, што значи дека ќе бидете зафатени скоро цело време. Првиот дел од јули ќе биде дарежлив: ќе добиете многу материјални привилегии како и луксузни подароци.

Здравје:

Крајот на јули ќе ви донесе олеснување: доколку сте имале здравствени проблеми во последниве 6 месеци, сега може да ги снема. До крајот на месецот препорачливо е внимавате на инфекции.

Љубов:

Во поголемиот дел од месецот, нема да чувствувате многу романтика. Дури во последната недела од јули, вашата сензуалност ќе се покачи, а со тоа и ќе се чувствувате посигурни. Исто така, ве очекуваат долги, приватни разговори со некоја личност со која сте биле во минатото, но сѐ уште немате сѐ расчистено.

Совет: Не трошете ги парите на работи кои се скапи, а бескорисни!

Близнаци

Кариера и пари:

Овој месец, ќе ви биде зголемен интересот за напредок. Во последната недела од јули ќе имате поголем приход од обично, но исто така ќе имате и ризик од поголеми трошоци.

Здравје:

Повторно ќе бидете во добра форма. Психолошката состојба ќе ви биде доста добра – ѕвездите ќе ви донесат радосни моменти. Оптимизмот ќе ви биде на највисокото ниво.

Љубов:

Љубовта лесно ќе го пронајде патот до вас. Доколку сакате да бидете среќни, треба само да го отворите срцето и да ги покажете вашите чувства. Овој месец најмногу ќе си одговарате со некој кој е во знакот на Лав.

Совет: Уживајте во сите задоволства кои ви ги нуди овој месец!

Рак

Кариера и пари:

Ќе имате можност да ги истакнете вашите вештини. Ќе бидете амбициозни, а токму тоа е она што ви е потребно за поголем успех. Кога станува збор за парите, вашиот среќен период ќе започне од 16  јули.

Здравје:

Ќе бидете во одлична форма и ќе чувствувате како стресот полека се намалува. Овој месец немате причина да се грижите за вашето здравје.

Љубов:

Желбата за страст и авантура малку ќе ви се намали. Позицијата на ѕвездите ќе ви донесе хармонија и соработка со партнерот, а за оние кои не се во врска може да си ја обноват старата врска.

Совет: Направете промена во вашето секојдневие.

Лав

Кариера и пари:

Во првиот дел од јули, ќе ви недостига ентузијазам, но сепак, можно е да започнете нов проект со луѓе кои го делат вашето мислење. Значително ќе си ја подобрите финансиската состојба.

Здравје:

Првата недела од јули можно е да се чувствувате послаби и уморни. Нервниот систем исто така може да ви биде слаб. Избегнувајте стрес и одморајте се што повеќе.

Љубов:

Во текот на целиот месец ќе претпочитате вашата романса да ја држите во дискретност, отколку да ја покажете пред јавноста. Во последната недела од јули можно е некој ваш близок пријател да ви изјави љубов. На 16 јули, очекувјте задоволство и успех во вашиот љубовен живот.

Совет: Направете го првиот чекор!

Девица

Кариера и пари:

Во првите две недели од овој месец, ќе имате можности за нови соработки. Сѐ на сѐ, јули ќе биде одличен месец за да се експонирате и да ги покажете вашите способности на работното место. Финансиски, исто така состојбата е добра.

Здравје:

Вашата енергија ќе биде на највисокото ниво. Но, последната недела од јуни може да биде деликатна, па затоа избегнувајте стресни работи.

Љубов:

Овој месец ќе бидете навистина романтично расположени и ќе имате потреба од љубов, блискост и нежност. Вашата врска ќе биде подобра од кога било, а доколку не сте во врска, овој месец можете да започнете врска. Последните две недели од јули ќе ви бидат уште поуспешни на љубовно поле, а се чини дека ќе ги паметите уште долго.

Совет: Излегувајте што е можно повеќе и запознавајте нови луѓе.

Вага

Кариера и пари:

Добри вести, ова ќе биде период полн со успеси! Доколку сакате да започнете некој нов проект, или пак да го промените работното место, овој месец е вистинското време за тоа. Финансиски, вториот дел од месецот ќе ви биде попрофитабилен отколку првиот дел.

Здравје:

Ќе бидете во добра форма во текот на целиот месец, а последните неколку дена од јули ќе чувствувате зголемена хармонија, мир и спокојство, што дополнително ќе ве разведри.

Љубов:

Во првите две недели од овој месец ќе бидете постојано во дилема, а тоа може да ви донесе стресни моменти. Ова исто така ќе биде важен месец за вашата врска, во кој ќе сфатите дали сте еден за друг со партнерот. Добрата вест е тоа дека на 28  јули притисокот ќе се намали, а вашиот љубовен живот ќе стане похармоничен.

Совет: Покажете ги во јавност вашите таленти.

Скорпија

Кариера и пари:

Јули ќе биде месец на истражувања, студии или други интелектуални обврски. Ве очекува успех на професионално поле. Првиот дел на јули ветува подобрување на финансиите.

Здравје:

Јули носи добри вести: Здравствените проблеми со кои се соочивте минатиот месец, полека ќе ги снемува. Ќе бидете многу подобро, но, морате да внимавате, вашето тело сѐ уште не е во најдобра форма.

Љубов:

Положбата на ѕвездите ќе ве стимулира да се истражите психички себеси и да се соочите со стравот од врски. Ќе бидете расположени за сентиментални романтични патувања.

Совет: Бидете поамбициозни.

Стрелец

Кариера и пари:

Првите две недели од јули ветуваат перспективен период на професионално поле. Можно е да добиете предлог за унапредување, или пак да склучите некој важен договор. Кога се работи за парите, овој месец нема место за грижа. Парите ќе го најдат патот до вас.

Здравје:

Можно е да почувствувате мала расеаност, но веќе до крајот на првата недела од јули повторно ќе се вратите во форма.

Љубов:

Првиот дел од месецот ќе биде одличен за пронаоѓање на личноста со која ќе сакате да го поминете остатокот од животот.

Совет: Проверете ја финансиската состојба пред да се решите да купите нешто.

Јарец

Кариера и пари:

Добри вести! Јули ќе виде важен месец за договори, соработка и тимска работа. Ќе имате многу можности да ги докажете вашите вештини и знаења на работното место, па можеби и ќе добиете унапредување. Кон крајот на месецот треба да очекувате екстра сума на пари.

Здравје:

Можно е да напредне здравствениот проблем кој сте го имале.

Љубов:

Вашиот партнер претстојниот период ќе ви стане најважната личност, а доколку не сте во врска, можно е да започнете нешто со нова личност, но тоа кратко ќе трае.

Совет: Бидете креативни во вашата работа.

Водолија

Кариера и пари:

Ова ќе биде еден одличен месец за да ги докажете вашите таленти! Првите две недели од јули ќе бидете полни со креативни идеи, организација и лидерски способности. Финансиската состојба ќе ви се подобри кон крајот на месецот.

Здравје:

Во текот на целиот месец ќе водите грижа за вашата хигиена, а тоа е клучот на доброто здравје. За подобрување на вашата линија, почнете да вежбате.

Љубов:

До 18 јули ќе ја зголемите романтиката во врската. Ова е совршен период за да го истражите вашиот еротски потенцијал и да го подобрите приватниот живот. Последната недела од јули ќе ги израдува оние кои не се во врска.

Совет: Забавувајте се толку колку што работите.

Риби

Кариера и пари:

Овој месец повеќе ќе бидете расположени да одмор отколку за работа. Но, како и да е, обврските чекаат, па затоа препорачливо ви е да го завршите она што се бара од вас, па потоа да планирате нешто друго.

Здравје:

Ќе бидете во одлична форма, посебно во првите две недели од овој месец. Исто така, ќе имате и многу физичка енергија, па добро би ви било доколку ја искористите за танцување, спорт или некоја друга физичка активност.

Љубов:

Ве очекува многу романтичен месец. Ќе направите промени во врската кои ќе се одразат позитивно на вас. Искористете ги деновите рационално и запознавајте нови луѓе.

Совет: Посветете повеќе време на партнерот.

Слични објави

Победникот на „Ѕвезде Гранда“ на крајот од сезоната ќе однесе дома трофеј со името на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Ќерката на Саша Поповиќ сподели објава од семејната вила: Еве кој е нејзината најголема утеха

Еспресо

(Видео) Маја Николиќ ја обои лонгетата во црвена боја: Вака го поминувам 50-тиот роденден!

Еспресо

„Се плашев…“: Тања Савиќ откри каков бил почетокот на нејзината врска со 11 години помладиот дечко

Еспресо

„Бев млада и луда“: Српската пејачка Тина Ивановиќ ги извади силиконите и сега е целосно природна!

Еспресо

(Видео) Милијардер потрошил 100.000 евра на Теа Таировиќ! Пејачката со својот жежок танц го „запали“ Дубаи

Еспресо