3.8 C
Скопје
22:44 - 11 март, 2026

Марко Менгони со прекрасна балада вечерва го освои Ливерпул – а кога Италија имала лоша песна?

Марко Менгони со песната „Два живота“ ја освои публиката во Ливерпул. И тој е меѓу фаворитите за победник на Евровизија, барем што се однесува до обложувалниците и реакциите на евровизиските фанови.

Марко веќе има искуство со Евровизија, бидејќи ја претставуваше Италија во Шведска во 2013 година, кога го освои седмото место. Тој победи на италијанскиот X Factor во 2009 година, а во 2010 година MTV го прогласи за најдобар европски изведувач.

Песната „Два живота“ е автобиографска песна, која раскажува детали својствени за животот на уметникот кој со своите зборови ни дава можност да размислуваме особено кога се чувствуваме обземени од немили настани. Тој не убедува секогаш да реагираме и никогаш да не застануваме и да не се откажуваме.

Песната раскажува извадоци од животот на двојка кои можат да се толкуваат на два начина, животот како пар или дури и животот со себе; но пораката што ја пренесуваат зборовите на Марко е фундаментална. Покана да го живеете секој момент од животот како да нема утре, со интензитет, без никогаш да бидете заглавени во обесхрабрување или здодевност.

Текстот на оваа песна вешто ги меша сигналите што ни ги дава нашето несвесно со реалноста што ја живееме секој ден, но во секој случај, без разлика дали живееме сон или секојдневие, неопходно е да се соочиме со секој настан и со одлучност да продолжиме напред.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....