5.8 C
Скопје
00:51 - 1 април, 2026

(Фото) Марина ѝ се врати на старата љубов, а еве што ѝ рече Горан Алачки

Марина Дојчиновска, познатата новинарка и партнерка на музичарот Горан Алачки ѝ се врати на својата стара љубов.

Тоа е телевизијата, според она што таа го објави на социјалните мрежи. Марина споделила фотографија од ТВ „Сонце“ од која порано беше дел и напиша: „Гледајте нè на ТВ ‘Сонце’, почнуваме за некоја минута“.

Марина не откри дали таа е гостинка или домаќин во студиото, но еден од коментарите под оваа објава привлече внимание.

Фото / Фејсбук

„Старите  патеки на вечноста“, напишал до објавата Горан Алачки, а Марина Дојчиновска му вратила со коментар, емотикон срце.

Фото / Фејсбук

Марина Дојчиновска во една прилика рече дека во 2012 година ја основала својата компанија „Хунза Веда“ со една единствена цел – да се донесе маслото од Хималаите до Скопје.

Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје. Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.

Едно големо НЗС е нашата година на раѓање – генерација 1965, тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот. Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото – рече во една прилика за „Слободен печат“ Марина.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....