8.8 C
Скопје
09:59 - 31 март, 2026

Марија Шерифовиќ ѝ порача на Бресквица: „Гласавме фер! Погрешно е…“

Пејачката Марија Шерифовиќ во петокот вечерта одржа концерт во Арена во Загреб, а по настапот на прес-конференција зборуваше за бројни теми.

Бидејќи беше член на стручното жири на „Беовизија 2024“, а страстите од финалето не стивнуваат, Марија призна дека сите гласале фер и чесно.

– Тој ден гласав во три попладне, си реков дека ја завршив мојата мисија и дека сега можам да навивам. Гласавме праведно и чесно, со срце и за кандидатот кој има најголема среќа за ваква публика и сцена во Малме. Кој и да одеше ќе ја има мојата поддршка. Секој кандидат, кога ќе го избере својот народ, мора да оди со убава енергија, апсолутно поддржан. По разговорот со челниците на РТС можам да видам дека имаат многу проблеми при избор на жири, кои токму така гласаат во договор. Можам засекогаш да бидам претседател или член на жирито, и разумно ќе гласам – изјави Марија.

На пресконференцијата, Марија истакнала и дека со задоволство би се напила кафе со Бресквица.

„Се убаво кажа, поздрав за неа. Апсолутно би пиеле кафе со неа. Бресквица е талентирана девојка, картите едноставно оваа година така се погодија. Видов дека кажа и дека не сака веќе да се натпреварува, мислам дека тоа е погрешно и дека треба повторно да се обиде зашто за Евровизија требаат млади талентирани луѓе“, рече Марија.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....