01:34 - 7 април, 2026

(Видео) Маја Оџаклиевска се повлече од сцената за да се грижи за внукот, но сега повторно запеа

Иако со години е далеку од јавната сцена, Маја Оџаклиевска повторно го привлече вниманието на публиката со неочекуван музички момент.

Пејачката, која подолг период живее повлечено и ретко се појавува во јавност, се појави во белградски ресторан каде што спонтано запеа неколку строфи. Кусото изведување беше забележано од присутните, а видеото подоцна беше објавено и на социјалните мрежи на угостителскиот локал, по што брзо се прошири онлајн.

Оџаклиевска пред извесно време јавно зборуваше дека се повлекува од активната музичка кариера, посветувајќи се на семејството и на грижата за својот внук Лука. Сепак, снимката од ресторанот покажа дека нејзиниот препознатлив глас и сценска харизма и натаму се тука.

Оџаклиевска со години живееше со својот внук Лука и активно се грижеше за него, но откако тој порасна, пејачката јавно откри дека грижата ја презела нејзината ќерка. Таа искрено призна дека со годините ѝ станувало сè потешко да ја издржи целосната одговорност, особено откако момчето влегло во поинаква животна фаза.

Легендарната пејачка има две ќерки од двата брака – Теа и Андреа, на кои, како што самата вели, и денес им е најголема поддршка. Родителската борба ја водела како самохрана мајка, без откажување и со целосна посветеност. Помалата ќерка Андреа е мажена и мајка на два сина

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....