12:54 - 3 април, 2026

Маган Маркл повторно на удар на критики: „Самобендисана и лицемерна, се споредува себе со Нелсон Мандела“

Интервјуто на Меган Маркл, објавено во магазинот The Cut, предизвика бес на социјалните мрежи. Корисниците на Твитер ја критикуваа војвотката од Сасекс за новите коментари за британското кралско семејство и сметаат дека е смешно што таа повлекува паралели меѓу себе и Нелсон Мандела, пишува Дејли мејл.

Имено, Меган рече дека кога се родил нејзиниот син Арчи во 2019 година, во Јужна Африка луѓето „танцуваа на улиците“, како во времето кога „Мандела беше ослободен од затвор“.

„Дури и според стандардите на Маркл, ова е неверојатно самобендисано, неискрено, лицемерно и го навредува кралското семејство. Како се осмелува да ја користи титулата за да продолжи да ја клевети институцијата што и ја дала? прашува новинарот Пирс Морган.

Корисниците на социјалните мрежи му се придружија во критиките – „Ова е неверојатно. Меган Маркл се споредува себеси со Мандела. Без свесност“, напиша еден корисник.

А потоа следуваа и прашања „зошто Меган Маркл сè уште ја носи титулата војвотка?“

„Ако Меган Маркл толку многу го мрази кралското семејство, зошто сè уште ја користи титулата војвотката од Сасекс? Таа е најлажната, најнепријатната личност на светот“, напиша новинарката Луси Бурџ.

Во интервјуто за списанието The Cut, Меган Маркл, исто така, вети дека ќе отвори нов профил на Инстаграм и раскажа како таа и Хари ја избрале куќата во Монтесито.

(Фото) Што сè изнакажа Меган Маркл во интервјуто за The Cut: „Пак ќе отворам профил на Инстаграм“

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....