6.8 C
Скопје
06:07 - 31 март, 2026

Мадона плаќала за рехабилитација на својот брат пред неговата смрт: „Ентони ги вадел цевките од кои се хранел и дишел“

Ентони Чиконе имаше 66 години и имаше проблеми со зависности.

Пред неколку дена, братот на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст, а иако некои медиуми ја критикуваа суперѕвездата дека не се грижи за нејзиниот брат, PageSix објави дека и покрај напнатоста во нивната врска, Ентони бил во центар за лекување во Мичиген кој го плаќала токму Мадона.

Според ПејџСикс, Ентони активно се борел со алкохолизмот и неговата животна ситуација била несигурна до тој степен што станал бездомник. Покрај тоа, тој развил проблеми со менталното здравје и ја отфрлил помошта од семејството.

Порталот ТМЗ објави дека два дена пред смртта на Ентони, тој се обидел да ги извади цевките од кој се хранел и дишел додека бил на лекување.

Според новинарите, Циконе изгубил значително многу килограми кон крајот на својот живот. Причината за неговата смрт сѐ уште не е откриена.

„Ти благодарам што ми го стимулираше умот кога бев млада и што ме запозна со Чарли Паркер / Мајлс Дејвис / Будизам / Таоизам / Чарлс Буковски / Ричард Браутиган / Џек Керуак / Експанзивно размислување / Надвор од кутијата“, напиша Мадона на Инстаграм.

Сведоците тврдат дека и покрај тешките односи меѓу Мадона и нејзиниот брат, таа направила сѐ што можела за да му помогне во неговата борба со зависноста. За жал, тој на крајот им подлегнал на проблемите и несигурното здравје на негова 66-годишна возраст.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....