Мадона се врати на естетиката од легендарната ера „Like a Virgin“ во новата рекламна кампања на модната куќа „Dolce & Gabbana“, појавувајќи се во „свадбена“ долна облека.

На малата сцена во Милано, кралицата на попот ја изведе песната „La Bambola“, носејќи шорцеви со врски, мрежести чорапи, бел корсет и долг венчален вел, дополнет со чипкасти ракавици.
Музичката икона на Instagram сподели и низа фотографии од снимањето, со опис „Una Notte D’amore“, што значи „Ноќ на љубовта“.
Најновиот изглед потсетува на нејзиниот култен настап на MTV Video Music Awards во 1984 година, кога ја изведе „Like a Virgin“.
Останува да се види дали кралицата на попот во иднина ќе оживее и други од своите култни модни изданија.
