21:35 - 14 јануари, 2026

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ привлече големо внимание со нејзината најнова објава, заедно со која сподели серија фотографии на кои ја покажува својата фигура која никогаш не била повитка!

Грабар-Китаровиќ истакна дека патувањето отсекогаш било важен дел од нејзиниот живот.

„Патувам толку често поради што моите пријатели ме прашуваат зошто постојано купувам нови куфери“, напишала Грабар-Ќитаровиќ.

„Прекрасна“, „Нашата претседателка никогаш не била поубава“, „Прекрасна како девојка 20 години помлада“, „Тоа е нашата Колинда, убава во секоја ситуација“, „Божица“, ова се само некои од комплиментите.

„Како што многумина од вас знаат, минатата година беше тешка за мене на лично ниво. Едно од нештата што ми помогна повторно да најдам рамнотежа и перспектива беше патувањето. Патував многу поради работа, но исто така свесно си обезбедив моменти за себе – моменти за дишење, размислување и обновување на мојата сила“, објаснува Грабар-Китаровиќ, која минатата година патуваше од Соединетите Американски Држави и прекрасните карипски острови Ангила и Свети Мартин, преку Мароко, па сè до Доха, Ријад и многу други места. „Патувањата ми дадоа и цел и одмор“, рекла таа.

„Додека сега започнувам едно лично патување кое многумина би го опишале како патување на животот, сакав да споделам галерија со фотографии од минатата година коишто едноставно немав време да ги објавам порано“, вели поранешната хрватска претседателка, заблагодарувајќи им се на семејството и пријателите кои ја поддржувале, ја приземјиле и ѝ помогнале да се фокусира на она што е навистина важно.

Грабар-Китаровиќ наведува дека патувањата ја научиле многу за лидерството и животот, а пред сè за понизноста.

„Кога многу патувате, многу брзо сфаќате дека ниедна земја, ниедна култура и ниеден лидер немаат монопол врз вистината, мудроста или отпорноста“, истакнала таа и додала дека преку патувањата научила да го задржи отворениот ум и, меѓу другото, дека насмевката отвора врати.

Слични објави

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Еспресо

Поранешниот сопруг на Марија Микиќ го „запали“ интернетот: Се соблече и го покажа мокрото тело

E.A.

(Фото) Еден посебен детаљ ги разнежи гостите на првиот роденден на Лена, ќерката на Павле и Ирина Камилоски

Еспресо

Брутални фотографии од сауна: „Моделот на Бугарија“ ја „крена температурата“ во центарот на Софија

E.A.

(Фото) Нина Бадриќ избега во вистински рај: Пејачката се огласи од оваа егзотична дестинација

Еспресо
Се вчитува....