11:53 - 29 март, 2026

Љубовта не се мери со години: Огнен Здравковски емотивно за мајка си Софче

Пејачот Огнен Здравковски емотивно ѝ се обрати на својата мајка, пејачката Софче Џорлева, ќерката на легендарниот композитор и пејач Наско Џорлев, сестрата на за жал покојниот виолинист Зоран Џорлев.

Фото/Инстаграм

-После цели 40 години поминати на сцената во “Македонска Опера и Балет”, со безброј претстави, аплаузи и незаборавни моменти, мојата мајка заминува во заслужена пензија. Живот посветен на сцената, на уметноста и на публиката. Љубовта кон сцената не се мери со години и таа никогаш не се пензионира. Горд сум на се што остави зад себе, чест ми е што ја делевме сцената заедно и уште погорд што сум твој син. Да си ми жива и здрава мамо и уште многу долги години да си ја трошиш пензијата. Те сакам- напиша Огнен за мајка си.

 

„Најреќен сум што сум потомок од моето семејство и што продолжувам по истите чекори што оделе моите. Цел живот сум растел со музика, почнувајќи од класика, до народно, до забавно, џез и секаков друг стил на музика. Виолината ми е прва љубов, свирев виолина во нижо музичко училиште, но поради здравствени причини, повреда, прекинав и продолжив со пеење. Моите отсекогаш ми зборувале да си останам скромен и свој, да не дозволам да ме смени кариерата“, рече пејачот во едно интервју за „Еспресо“.

Слични објави

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.
Се вчитува....