08:50 - 9 јануари, 2026

Љубовта на Неда Украден кон угледниот лекар веќе не е тајна: Наеднаш сè „пукнало, па судбината повторно ги спои!

Пејачката Неда Украден, и денес препознатлива како фатална жена, во својата автобиографија отворено зборува за љубовите што ѝ го обележале животот, а посебно место меѓу нив има докторот Мома Јаковљевиќ, кого, како што признава, „лудо го сакала“.

Неда открива дека само со двајца мажи во животот посакала сè – семејство, брак и деца, а љубовта со Јаковљевиќ била една од најдлабоките и најинтензивните. Тие се запознале млади, убави и веќе разведени, а искрата меѓу нив се појавила веднаш.

„Мојот згоден, шармантен Белграѓанин го запознав на музичко-модна манифестација во Македонија, каде што тој настапуваше како манекен, а јас како пејачка. Бевме речиси на иста возраст, со неуспешни бракови зад нас. Освен што беше успешен манекен, завршил медицина и работеше како лекар“, напишала Неда во книгата.

По нивната средба, Неда заминала во Сараево, но физичката оддалеченост не ја ослабнала нивната врска. Напротив, љубовта брзо се развила и разговорите за заеднички живот станале сериозни.

„Ни самата не знам како успеавме толку брзо да развиеме љубов и да стигнеме до приказна за брак. Почнавме напролет, продолживме преку лето и ја дочекавме есента со сериозни планови. Бевме зрели, слободни и вљубени“, се присетува пејачката.

Таа открива дека уживала во обичниот живот – да оди на пазар со мајката на Мома, да готви, да биде „обична девојка“, а единствената тага ѝ била што нејзината ќерка тогаш не била со неа во Белград.

Во 1987 година, Неда официјално се преселила кај Мома и станала белграѓанка. Како пар, биле забележани од сите, но, како што пишува, имало и луѓе кои се обидувале да ги разделат.

По турнеја во Канада, наместо свадба, следела разделба. Клучната причина била нејзината ќерка и нејзината иднина.

„Знаев дека преселба, промена на средина, училиште и живот далеку од семејството не се нешто што таа ќе го прифати. Бев сигурна во едно – не сакав таа да страда поради мене. Затоа одбрав јас да патам. И патев – долго, долго“, искрено признава Неда.

Животот, како што вели самата, знае чудно да ги измеша картите. Три децении подоцна, токму Мома Јаковљевиќ, како лекар, ѝ помогнал на нејзината ќерка успешно да ја изнесе бременоста и на свет да го донесе нејзиниот внук – и тоа во болницата каде што тој работи.

Покрај оваа љубовна приказна, Неда Украден често зборувала и за својот поранешен сопруг и татко на нејзината ќерка, Милан Билбија, нагласувајќи дека и по разводот успеале да го сочуваат меѓусебното почитување.

„Јас сум единствената жена што му го оставила станот на поранешниот сопруг. Разводот е секогаш тежок, има грди зборови, но поради детето мора да се зачува достоинството“, изјавила таа.

 

Слични објави

(Фото) Еве како семејството Дивац го прослави Божиќ во Лос Анџелес: На масата погача, реагираше и Новак Ѓоковиќ

Еспресо

(Фото) Оваа убавица е ќерката на Олгица Христовска, посебна радост за Каја

apostolova

Дневен хороскоп за 9 јануари: Размислете пред да донесете одлука

apostolova

„Говорел дека ги споил Свети Василије Острошки“: Нови детали за врската на Мина Костиќ

Е.А.

Урнебесно: Таткото на Милица Тодоровиќ се санка како дете, пејачка во неверица

Е.А.

„Два часа се гушкавме и плачевме“: Пејачката Сека Алексиќ прв пат проговори за средбата со билошкиот татко со кој долго немала контакт

Е.А.
Се вчитува....