15.8 C
Скопје
11:05 - 9 октомври, 2026

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ, во јавноста позната како Анѓелка Прпиќ, ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи со емотивна фотографија од базенот каде што ужива во прегратките на својот сопруг Марко Жугиќ. Иако двојката ретко ја експонира својата приватност, познатата актерка упати страстен бакнеж и емотивна порака до сопругот:

„Она кога покрај некого си подобра верзија од себе“.

Нивната љубовна приказна со години беше под лупа на јавноста бидејќи Марко претходно беше близок пријател, па дури и кум на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, со кого Анѓелка беше во брак девет години и го има синот Јакша. По разводот во 2020 година, актерката започна врска со Марко, а во мај 2023 година ја добија ќерката Чарна, за подоцна истата година да се венчаат на интимна церемонија.

Целата ситуација своевремено ја коментираше и нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, кој преку иронична изјава го ублажи чаршискиот притисок:

„Им посакувам секоја среќа, а ако се венчаат, можам да им бидам и кум. Дури и ако Марко сака да го земе моето презиме, јас немам ништо против“.

Покрај љубовните турбуленции, Анѓелка искрено откри и дека поранешниот сопруг ја сметал за досадна во приватниот живот, велејќи ѝ дека е вистинска измама во споредба со духовитите улоги што ги глуми. Сепак, актерката истакнува дека денес го живее својот најдобар период, посветена на семејството и воспитувањето на децата.

Слични објави

Прекрасна љубовна приказна на Александра Пилева за запознавањето со сопругот: „Јас сакам да те оженам“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Слатко задоволство со мирис на есен— крцкави штрудли со јаболка и цимет, готови за половина час

К.С.

(Видео) Калиопи откри што направила со необјавената песна со Тоше Проески: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“

К.С.

Хороскоп за 9 октомври: Биковите ќе ги покажат своите способности на работното место

Еспресо

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо
Се вчитува....