9.8 C
Скопје
04:29 - 25 октомври, 2026

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Емотивна приказна за синот Марјан сподели Маја, сопругата на починатиот музичар Владимир Блажев-Панчо од ДНК.

Таа објави фотографија од нивниот син Марјан на фудбалскиот терен.

На фотографијата Марјан е во розов голмански дрес за време на „Илинден куп“, а Маја емотивна порака ја покажа гордоста кон својот син.

„Мојот херој“, напиша таа покрај фотографијата.

Фото: Скриншот/Фејсбук

Марјан е помладиот од двата сина на Панчо и Маја. Панчо во едно интервју за своевремено зборуваше за своите синови Андреја и Марјан и за тоа какви деца се.

„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали“, изјави тогаш Панчо.

Тој раскажа и дека Андреја го сака спортот и тренира фудбал, додека за Марјан на шега рече дека е „маалска маскота“ и дека има големи шанси да тргне по неговите стапки.

Во друго интервју, Панчо зборуваше и за начинот на кој ги воспитува своите деца и за вредностите што сака да им ги пренесе.

„Ги учам да бидат реални и искрени. Не ги лажам дека сè е розово, бидејќи не е“, рече тој.

Владимир Блажев-Панчо почина на 14 октомври 2025 година, по повеќемесечно лекување од повредите што ги здоби во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Зад себе ги остави сопругата Маја и синовите Андреја и Марјан.

Панчо често јавно ја покажуваше гордоста кон своите деца. Во роденденска посвета за постариот син Андреја напиша: „Многу сум горд на тебе, пријателе. Денес го достигна нивото 11, но секогаш ќе бидеш моето бебе“, а пораката ја заврши со зборовите: „Те сака тато, твојот вечен слуга“. Андреја сега е прва година во средно училиште.

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....