16:37 - 14 септември, 2026

„На земјава ти си најдобрата“: Романтичен гест на саксофонистот Папаз за сопругата

Саксофонист Горан Папаз со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга Наташа Атанасовска-Папаз, со која ја има тројката Лена, Луна и Лазар.

Папаз објави семејна фотографија на која Наташа позира со четирите деца, нивната тројка и неговиот постар син Дамиан, а во честитката не штедеше убави зборови за сопругата.

„Освен што си прекрасна мајка и сопруга, ти си најдобриот човек на планетава Земја (подалеку не сум бил, не знам што има. На Земјава ти си најдобрата). Принцезо моја! Те сакам од дното на мојата душа! Фала ти што постоиш. Твој ден е ова, срце мое. Среќен роденден!“, напиша Папаз.


За љубовта со Наташа, Папаз претходно зборуваше и во интервју за „Слободен печат“. Тој раскажа дека нивната приказна започнала спонтано, преку заеднички пријатели.

„Имаме многу заеднички пријатели и така почнавме да комуницираме и да се дружиме, спонтано во целост. Нате е прекрасна личност во секоја смисла на зборот, со широко срце и неверојатна смисла за хумор. Малку ми требаше да ја засакам со сета душа. На сите им посакувам ваков хармоничен брак“, рече Папаз за „Слободен печат“.

Горан и Наташа на крајот на 2024 година станаа родители на тројката Лена, Луна и Лазар, која е зачната по природен пат. Бебињата се родија предвреме, во 34. недела, а првите денови по нивното раѓање биле особено емотивни за родителите.

„Емотивно најтешки ми беа првите денови додека беа во инкубатор, и Нате додека беше на клиника, се молев само да бидат добро сите“, раскажа Папаз, додавајќи дека еден од најубавите моменти бил кога на Клиниката ги држеле бебињата кожа на кожа.

Животот со три мали деца донесе сосема нова динамика во нивниот дом, но Папаз вели дека имаат голема помош од семејството.

„Претежно се доста мирни бебиња, очигледно тоа го наследиле од мајката. Бабите и дедовците ептен ни помагаат. Организирани сме на смени, секој си има своја смена и обврска“, раскажа тој, опишувајќи го родителството како „сладок замор“.

Посебна улога во големото семејство има и Дамиан, постариот син на Папаз, кој, според музичарот, одлично се снашол како постар брат.

„Дамиан кога првпат ги виде, сфати дека не е шега. Имам чувство дека преку ноќ порасна во друго дете, сфати дека не е најмалото дома и веднаш се постави заштитнички кон нив“, рече Папаз, додавајќи дека Дамиан е секогаш подготвен да направи нешто за братчето и сестричките и дека е „постаро братче како по книга“.

Неодамна Горан и Наташа одбележаа и четири години брак. Тогаш музичарот повторно јавно ѝ се обрати на сопругата, порачувајќи дека и покрај непроспиените ноќи по доаѓањето на тројката, тоа се најубавите години од неговиот живот.

Слични објави

Ана Бекута објасни зошто ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ по 12 години

Е.А.

(Фото) Брутално претепана инфлуенсерката и пријателка на Дарко Лазиќ! Ја нокаутирал, па ја влечел по подот

Еспресо

Доставувач го нашол паричникот на Сергеј Трифуновиќ, па направил нешто што го воодушевило актерот

Еспресо

(Фото) Северина на 55 години во минијатурно бикини ја покажа беспрекорната фигура: На плажа ги украде сите погледи

Еспресо

(Фото) Кој би рекол дека е во петтата деценија од животот? Катерина Шехтанска плени со младешкиот изглед и витката фигура

Еспресо

Тања Савиќ ја трогна јавноста со желбата повторно да стане мајка: „Би плачела од среќа ако забременам“.

Еспресо
Се вчитува....