14.8 C
Скопје
13:09 - 31 март, 2025

Лијам Пејн можел да биде спасен: „Тој не си го одзема животот“

Семејството и пријателите на Пејн остануваат цврсти на ставот дека тој не извршил самоубиство и дека има луѓе одговорни за неговата смрт.

Четири дена по смртта на Лијам Пејн, теориите продолжуваат да излегуваат на виделина зошто се случил страшниот настан.

Според извори блиски до семејството на поранешниот член на One Direction, тие велат дека музичарот можел да се спаси да не бил бавниот одговор на присутните на инцидентот.

31-годишниот пејач пристигнал во Аргентина на 30 септември со својата девојка Кејт и неговиот пријател Роџер Норс. Целта на посетата била да го придружува својот пријател Ниал Хоран на неговите презентации во Буенос Аирес и да го обнови американскиот пасош.

Откако се дозна дека полицијата пронашла дрога во хотелската соба на Лијам Пејн, се шпекулира кој можеби му ги дал штетните супстанците.

Изворите напоменуваат дека Пејн немал пари и му биле блокирани сметките. Исто така нема евиденција дали или не го напуштил хотелот три дена. Затоа, во неколку полициски извештаи се вели дека дрогата му ја набавил вработен во хотел. Неофицијалните извештаи велат дека хотелот веќе отпуштил едно лице од својот персонал.

„Од каде Лијам ја набавил дрогата кога немал пари? – спомнува изворот близок до семејството на Пејн.

Се вели дека една од дрогите пронајдена во собата е таканаречена кристал, моќен халуциноген поради кој музичарот се онесвестил.

Друг виновник според семејството на Пејн бил човек од персоналот на хотелот, на кој му требало повеќе време да повика брза помош кога сите присутни биле изненадени од тоа што се случило.

„Ако некој повикал брза помош кога колабирал во фоајето на хотелот наместо да го однесат во својата соба и да го остават таму сам, во психотична состојба, тој сепак ќе беше денес со нас. – изјавил изворот револтиран од персоналот од хотелот.

Пејн имал свои планови зашто морал да го продолжи престојот во Аргентина бидејќи процесот за обновување на пасошот му бил одложен, зашто властите побарале од него да се подложи на медицински тестови поради неговата историја на зависност.

Во понеделникот на 14-ти, Пејн се пријавил во хотелот CasaSur, денот кога неговата девојка морала да го фати авионските лет за да се врати во САД.

Било планирано Лијам да ја напушти Аргентина во петок, откако резултатите на медицинската анализа покажале позитивен резултат и го известиле дека сега може да си го подигне пасошот.

Според изворот, еден пријател во средата наутро на Пејн му доставил чоколадни колачиња, неговата омилена храна. Го видел Лијам среќен и како работи на неговата музика.

„Лијам не мораше да умре. Лијам не сакаше да умре. На сите ни вети дека никогаш нема да се самоубие. Се радуваше на иднината – изјави изворот за американските медиуми.

 

Слични објави

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо
Се вчитува....