Владислава Галаган е исклучително популарна на социјалните мрежи, а само на Инстаграм ја следат над 1,7 милиони луѓе.
View this post on Instagram
Русинката живее во Прага, а пред неколку месеци се најде во центарот на вниманието зашто ѝ биле украдени снимки и фотографии на кои е целосно гола.
Владислава се занимава со бодибилдинг, има преубаво лице – според многумина нежна е како ангелче – но…таа има тело на маж, па оттука и бројни негативни коментари.
View this post on Instagram
Поради специфичноста на својата градба, Владислава го заработи надимакот Хулк.
И додека многумина – вклучително и мажи – се импресионирани од нејзината фигура, други сметаат дека едноставно претерала и дека ја „убива“ својата женственост.
View this post on Instagram
„Не сфаќам дека некој при здрава свест може себе да си го прави ова“, „Преубава девојка, додека не ѝ го видиш телото“, „Зошто си одлучила да станеш маж?“ „Ова е навистина премногу“, „Тажно е што толку убава жена одбрала да изгледа како маж“, „Лице на ангел, тело на ѓавол“, се само некои од низата коментари на социјалните мрежи.
Но од друга страна, има и многумина кои тврдат дека Владислава е најзгодната жена.
View this post on Instagram