6.8 C
Скопје
08:48 - 1 април, 2026

Лепа Брена ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед: „Медитирам и вежбам. Ако можам јас, можат и другите“

Најважно е човекот да не го запоставува телото, треба секојдневно да се движи. Ние пејачите мора да внимаваме на гласот и да го негуваме. Не пушам затоа што тоа ги уништува гласните жици. Понекогаш сакам да наздравувам со пријателите со чаша вино и тоа е сѐ, изјави 61-годишната пејачка Лепа Брена во интервју за Информер.

Брена откри кои се нејзините ритуали во одржувањето на младешкиот изглед и витката линија.

-Пијам многу вода секој ден, медитирам и вежбам. Ако можам да бидам активна на 61 година, тогаш секој може. Кога патувам, се обидувам да одам на плажа или на базен за да пливам“, вели таа.

 

Лепа Брена за најтешките моменти од животот: Ни беше кажано дека Стефан може да го вратиме на два начина, жив или мртов

Лепа Брена неодамна проговори и за тешките моменти што ги доживеале со нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ кога нивниот син Стефан бил киднапиран пред семејната куќа во Белград во 2000 година.

„Ни беше кажано дека Стефан може да го вратиме на два начина, жив за два и пол милиони тогашни германски марки или мртов за пет милиони. Рекоа и дека во случај на втората можност ќе ни испраќаат дел по дел од телото на Стефан. Во целиот мој живот не ми се случило ништо пострашно или поболно – рече Брена во интервју за Информер.

– Не сакам да навлегувам во детали бидејќи тоа е приказна која нема крај. Кога би ви раскажала сè, сите ќе плачевме и ќе се тресевме, немаше да се чувствуваме добро. Таа рана е зашиена. Добро е зашиено, нема да пукне и да крвари, но сепак кај сите нас остана душевна болка за која не постои лек – заклучи таа.

Брена и Боба се венчаа во декември 1991 година, а нивната венчавка остана запаметена како една од најраскошните во тоа време. Пејачката и поранешниот тенисер имаат две деца, Стефан и Виктор, а Боба од првиот брак го има и синот Филип.

 

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....