3.8 C
Скопје
00:33 - 13 март, 2026

Легендата на музичката сцена денес зема бедни 170 евра пензија: Нè претставуваше на Евровизија, Неда Украден му пееше придружни вокали

Пејачот Сеид Мемиќ Вајта (72) се прослави со песната „Лејла“ со која ја претставуваше поранешна Југославија на Евровизија во 1981 година.

Во опусот на Вајта има и други хит песни, како „Превари ме срце мое“, „Азра“, „Златна рибица“, но во последните неколку години пејачот не снима песни и не настапува.

Вајта, југословенскиот пејач е роден во Травник и фронтмен на групата „Тешка индустрија“ од 1975 и 1976 година, важеше за најинтересниот лик кој тогаш се појави во јавноста и на музичката сцена. Во далечната 1981 година настапи на Евровизија со песната „Лејла“ со која го освои 15. место.

Како што рече претходно, иако плаќал придонеси 40 години, пензијата што ја добил изнесува околу 172 евра, изјави Вајта неодамна.

Рано го загубил татко му, па од петнаесетгодишна возраст морал да заработува – работел во фабрика, бил молер, кројач, потоа работел во леарница во Австрија… По враќањето од Австрија во 1971 година дизајнирал, изработувал и продаваше хипи накит и пееше во исто време со групата „Везири“ каде го замени пејачот Јосип Пејаковиќ, кој подоцна се посвети на актерството.

– Замислете да снимам песни во земја која е трета најсиромашна во светот. Не можам и не сакам. Кога гледам дека се бираме по националност, ми се гади. Имам премногу песни и мојот опус е единствен во таа галерија на БиХ и југословенската поп и рок музика – рече еднаш Вајта.

Играше и во филмот „Нечиста крв“. На почетокот на војната се пресели во Хамбург, кадешто живее и денес и се бави со музика.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....