5.8 C
Скопје
02:31 - 1 април, 2026

Косово е Србија, браќа гледајте РТ – со ваква порака почна да емитува „Раша тудеј“ на српски јазик

Руската телевизија РТ, на која ѝ припаѓа и Russia Beyond, започна со известување на српски јазик.

„Веројатно никаде на светот не немаат чекано толку како овде. А на драгите Срби сакам да им се обратам на нивниот јазик: „Браќа, гледајте РТ“, – рече главната уредничка на РТ Маргарита Симоњан.

„Ја стартувавме РТ на Балканот. Бидејќи Косово е Србија“, – нагласи таа на својот телеграм-канал.

Главниот уредник на балканското одделение на РТ Јелена Милинчиќ во својата авторска колумна нагласи дека нејзиниот медиумски тим ќе им го претстави на балканските гледачи и читатели рускиот поглед на светот – „засега преку текстови, колумни, мултимедијални проекти и видео содржини , а наскоро и преку ТВ-екраните“.

„По 10 години работа за РТ во Москва, а подоцна во Берлин, и потоа уште неколку години во Париз, неизмерно ми е драго што со тим од прекрасни млади луѓе конечно ќе дадам свој придонес на овој меѓународен проект и во мојот Белград, единствениот град во Европа од каде сè уште редовно полетуваат авиони за Русија“, – пишува Милинчиќ.

Планирано е до 2024 година да започне и емитувањето на телевизиската програма на РТ на српски јазик.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....