7.8 C
Скопје
01:44 - 31 март, 2026

Кортни Кокс му одговори на принцот Хари кој се „средил“ на нејзината забава: „Јас не делев магични печурки“

Кортни Кокс го прекина молкот откако принцот Хари тврдеше дека присуствувал на „дивата забава“ во нејзината вила и дека на крајот изел црно-дијамантни магични печурки. Хари рече дека ги изел печурките во комбинација со текила. Потоа почнал да халуцинира и се вчудоневидил кога сребрената канта во бањата почнала да зјапа во него и да му се смее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pop Crave (@popcravehq)

Хари се нашол во вилата во Лос Анџелес на Кортни, сосема случајно, и од „нигде никаде“, бидејќи веќе престојувал тој ден во Лос Анџелес поради деловен состанок.

„Јас не ја прочитав книгата на Хари. Сакам да ја прочитам, слушнам, бидејќи слушнав дека е навистина забавна. Но, да, ме наврати на тоа“, рече Кортни и продолжи.

„Тој остана тука неколку дена, веројатно два или три. Хари е навистина убава личност“, рече Кортни во новото интервју. „Не велам дека на забавата имало печурки! Дефинитивно јас не ги делев“, појасни таа за Variety.

Хари пишуваше за неговото патување во Лос Анџелес во своите мемоари и рече дека е возбуден што ќе остане во куќата на Кортни. Тој е познат како голем фан на серијата “Пријатели”. Кортни не е единствената која Хари ја вмеша во книгата мемоари. Тој зборуваше во „Резерва“ и за Том Харди, Спајс Грлс, Камерон Дијаз и Елтон Џон октривајќи преку своите искуства детали и од нивните животи.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....